Обука – Практични вештини во сметководство, даночно законодавство и контрола на финансиски извештаи

Nova-Konsalting_Sponzoriran-tekst-05.2017_Image-1.jpg

Обука – Практични вештини во сметководство, даночно законодавство и контрола на финансиски извештаи

Бесплатен софтвер, прирачници, и попуст

ТЕРМИН

17-ти Maj 2017, понеделник/среда од 17:00 до 20:00 часот, 16 дена

Повеќе информации на https://goo.gl/fZieeV

НАЧИН НА РАБОТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЕДУКАЦИЈА

  • Обуката е поделена во два модула:

Модул 1 Практично запознавање со начинот на евидентирање на настаните, запознавање со законите за ДДВ и ДД:

  • Евидентирање на сметководствени настани
  • Пресметки поврзани со евидентирани настани (амортизација, отпис на ситен инвентар, даноци и придонеси од плата)

Модул 2 Изработка и контрола на финансиски извештаи за три пилот компании:

  • Контрола на салдата на сметките и логичка контрола на процедури на евидентирање
  • Изготвување на пријави за данок на додадена вредност и даночен биланс за данок на добивка
  • Изготвување на финансиски извештаи за пилот компаниите
  • Работа во мали групи, што гарантира висока интерактивност.
  • Фреквенцијата на одржување на обуката е два пати неделно во траење од два месеци.
  • Специфика на Центарот за обука е тоа што не постојат PowerPoint слајдови, туку тренерот активно пишува, визуелизира, објаснува при што несебично го пренесува своето знаење и богато искуство. Овој метод се покажа како најдобар начин за пренесување на знаењето.
  • Секој учесник работи самостојно, и има можнот сам да ги изготвува и контролира финансиски извештаи со користење на софтвер снимен на USB.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА

„Нашите обуки се значајни како за младите кои штотуку навршуваат високо образование, а немаат практично искуство кое честопати е предуслов за вработување, така и за сите оние кои имаат амбиција да имаат подобро работно место во финансиските сектори. Тука спаѓа и онаа група на сегашни или идни претприемачи кои сакаат да се запознаат со даночното законодавство заради намаллување на даночната изложеност во нивната компанија. Со оглед на динамиката и апетите за раст и развој на бизнисите денес, овие знаења и вештини кои ние ги пренесуваме на нашите слушатели се неопходни за успешна интеграција во бизнис заедницата“, вели Кристина Тилиќ, менаџер на Нова консалтинг и едукација.

ПРЕДАВАЧ

Кристина Тилиќ е еден од најискусните професионални тренери во Македонија од областа на сметководство, финансии и контролинг, со повеќе од 20 годишно искуство како тренер и над 200 одржани двомесечни обуки. Таа има повеќе од 22 години искуство во областа на финансиите, контролингот и менаџментот, работејќи како програмер, раководител на сметководствено одделение, контролор, менаџер на контролинг, финансиски менаџер и извршен директор. Има развиено 4 различни тренинзи од областа на сметководство, финансиите и контролинг.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Секој учесник треба да достави ПРИЈАВА ЗА ОБУКА,

ПРИЈАВА ЗА ОБУКА

 

КОНТАКТ

Тел. (02) 3 22 00 54,  078 383 053, 070 383 052,   www.novakonsalting.mk

 

 

 

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top