doktori-doktori.jpg

Италија ќе им ги укине последните испити на околу 10.000 студенти по медицина за тие да можат да се вклучат во здравствениот систем и да помогнат во справување со кризната состојба со коронавирусот Ковид-19 во земјата, пишува радиомоф.

Министерот за образование, Гаетано Манфреди, изјавил дека Владата ќе дозволи студентите на последната година на медицински студии да ги завршат студиите осум до девет месеци порано од предвиденото.

„Ова значи моментално пуштање во јавниот здравствен систем енергија на 10.000 доктори, што е клучно за надминување на недостатокот на медицински персонал со кој се соочува нашата држава“, изјавил тој во соопштение до јавноста, пренесе Ројтерс.

Дипломираните медицинари ќе бидат испратени да работат во клиниките за општа пракса и во домовите на возрасните лица, ослободувајќи ги поискусните колеги кои ќе бидат испратени кон преполните болници.

Бројката на смртни случаи во последните 24 часа во Италија се искачи на вкупно 2.503 починати, додека вкупно во земјата се потврдени 31.506 заболени од вирусот.

Болеста нанесе голем притисок врз болниците, особено во регионите на Северна Италија.

„Ломбардија е дојдена до точка на колапс. Сите кревети за интензивна нега и респиратори веќе се користат“, изјави Матео Салвини, лидерот на партијата Лига која владее со северниот дел на земјата.

Потенцијално опасен развој на ситуацијата постои во Милано, финансискиот центар на државата, каде бројката на заразени се искачила во повисок процент отколку во целиот регион на Ломбардија.

извор: радиомоф.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail