10 добро познати методи за прва помош кои 90% од луѓето ги прават погрешно

greshki.jpg

Познавањето на основните методи на прва помош е многу важно, но од клучно значење е да ги извршите правилно за да не го загрозите животот што го сакате да го спасите. Ова се неколку од најраспространетите грешки кои што луѓето ги прават при прва помош.

1.Лечење на рани со хидроген пероксид, јод и алкохол може да биде опасно.

Зошто е погрешно: Пероксидот ги уништува клетките на сврзното ткиво, спречувајќи ја раната да зарасне. Јодот и алкохолот ги согоруваат здравите клетки и можат да предизвикаат болка, шок и изгореници ако се нанесуваат на рана.

Како треба: Измијте ја раната со чиста вода за пиење или со зовриена вода, а потоа нанесете маст со антибиотик.

2.Компресии на срцето може да доведат до фрактури на ребро и оштетување на белите дробови.

Зошто е погрешно: Срцевите компресии лесно можат да резултираат со скршени ребра, што може сериозно да ги оштети белите дробови и срцето.

Како треба: Не вршете срцеви компресии, може само во случај ако сте сигурни дека лицето нема пулс, не дише, и нема лекар. Додека едно лице повикува амбулантно возило, друг врши компресии на срцето со ритам од 100 во минута.

3. Парацетамолот може да доведе до проблеми со црниот дроб.

Зошто е погрешно: Парацетамол, или ацетаминофен, ја ублажува болката и воспалението и е популарен лек. Предозирањето и често користење може да предизвика оштетување на црниот дроб и бубрезите.

Како треба: Внимателно мерете ја дозата. Максималната единечна доза за возрасни е 1 g (4 g на ден). Ацетаминофен е присутен во многу лекови, особено кај оние за грипот, а комбинирањето на лекови може лесно да доведе до предозирање.

4. Не ја фрлајте главата назад или пак да легнете на грбот кога имате крварење од носот.

Зошто е погрешно: Ако го направите ова, крвниот притисок во вашата глава се зголемува. Не можете да знаете колку е опасна епизодата на крварење, па крвта може да дојде во вашите бели дробови или да предизвика повраќање.

Како треба: Држете ја главата во исправена положба за да го намалите притисокот, нанесете нешто ладно, а потоа затворете ја ноздрата со прстот за 15 минути. Истото направете го и со другата додека дишете на уста.

5. Не ја извлекувајте жртвата од сообраќајна несреќа од автомобилот или пак да ја сместите во поудобна положба.

Зошто е погрешно: Повеќето смртни случаи во сообраќајни незгоди се случуваат поради повреди на вратот и ‘рбетот. Најмалиот потег во обид да и помогнете на жртвата може да ја убие или да ја направи парализирана.

Како треба: Ако некое лице е повредено со ризик од траума на главата, вратот или ‘рбетниот столб (на пример, тие не ги чувствуваат своите екстремитети, но нема крв), повикајте брза помош и следете го дишењето на жртвата додека не пристигнат лекарите.

6. Не треба да земате лекови што предизвикуваат повраќање во случај на сериозно труење.

Зошто е погрешно: Еметичките лекови можат да предизвикаат изгореници на хранопроводот и отровот да стигне до белите дробови.

Како треба: Доколку се сомневате дека сте жртва на труење, повикајте брза помош, опишете ги симптомите и веројатниот извор на труење и запишете ги пропишаните мерки. Не обидувајте се сами да ја проценувате опасноста или да побарате совет на Интернет.

7. Примена на холдер за да се запре крварење може да доведе до ампутација.

Зошто е погрешно: Погрешно или непотребно нанесен холдерот може да резултира со непотребен притисок врз екстемитетите. Тоа не го спречува крварењето, туку спречува циркулацијата на крвта, што доведува до некроза.

Како треба: Нанесете голема количина стерилна газа или чиста ткаенина на раната и цврсто притиснете – ова треба да биде доволно додека не пристигне брзата помош.

8. Не ставајте лажица во устата или да го влечете јазикот на лицето што има напад.

Зошто е погрешно: Додека е во несвесна состојба лицето може да го проголта или да се задави од објект ставен во устата за да го заштити јазикот.

Како треба: Само јавете се на лекар, и бидете сигурни дека лицето е безбедно од надворешна штета и дише слободно. Физиолошки е невозможно да го проголташ својот јазик, а грицкањето не е опасно. По завршувањето на нападот, поставете го лицето на страна.

9. Ако Ве касне змија или некој отровен инсект не го цицајте отровот.

Зошто е погрешно: Тој отровот се меша со плунката и си прави нова цел на вашата мукозна мембрана. Ова ќе го забрза труењето и може да резултира со едем на белите дробови и срцев удар.

Како треба: Ако сте каснати на екстремитетите, легнете, така што оштетената површина е под срцето. Повикајте брза помош, опишете што Ви се случило и пијте многу течности.

10. Не ги носете болните или повредени лица во најблиската болница доколку можете да се јавите на операторот.

Зошто е погрешно: Не секоја болница ги има потребните лекови, специјалисти или опрема, а транспортот може да се покаже како премногу опасен.

Како треба: Повикајте брза помош, опишете ја ситуацијата и слушајте го операторот кој ќе ви каже каде да ја однесете жртвата.

Извор: Мотика

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail