EVN-OBJAVUVA-OGLAS-ZA-PRAKTIKANTSKA-RABOTA.jpg

ЕВН ОБЈАВУВА ОГЛАС ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

EВН Електродистрибуција е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.

Опис на работните задачи

  • Исклучување и повторно вклучување на корисници на дистрибутивната мрежа
  • Отчитување на податоци од броила
  • Контрола на приклучоци и мерни места
  • Замена на броила на корисници
  • Прием, обработка, чување, ажурирање, средување на документација
  • Помош при отстранување дефекти
  • Откривање и пријавување неправилности на електроенергетски објекти и мерни уреди

Потребни квалификации и лични карактеристики

  • IV степен електротехничко образование – енергетика
  • Квалификации за работа под напон ќе се сметаат за предност
  • Компјутерски познавања ќе се сметаат за предност
  • Возачка дозвола,
  • Одговорност, лојалност, тимска работа
  • Комуникативност, флексибилност

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на [email protected] испратете куса биографија и мотивационо писмо, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 20.05.2017.

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување (https://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx)

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail