10% од матурантите пропуштија упис на факултет во јуни

Drzavna-matura-960x540-1.jpg

Десет проценти од матураните го пробија рокот за државната матура. Согласно календарот кој лани го подготви Министерството за образование и наука, проктните задачи кои се составен дел од државната матура, требаше да бидат изработени во 21 април. Заклучно со денеска од вкупно близу 17.000 матуранти, 1.600 не го поминале првиот дел од матрурата и не можат да полагаат експетрни испити во јуни.

Од Државен испитен центар велат дека ќе направат сè што е во нивна моќ да се поместат роковите за изработка на проектните задачи, со цел екстерните предмети кои се закажани за 4 и 13 јуни да се полагаат навреме. Навременото матурирање е најважно за децата кои веќе се запишале на факултети во странство и треба да ја комплетираат документацијата.

Штрајкот на СОНК започна на 11 април. Од денеска градинките работат редовно, но учениците се веќе трета недела надвор од клиупите. Членството на СОНК вчера ја одби понудата на Владат за покачување на платите од 12% и завршување на штрајкот. За 4 мај најавен е и голем протест.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail