10 совети како да останете продуктивни кога сте уморни

prr.jpg

Tired businesswoman in the office

Работењето прекувремено без користење на доволно одмор може скапо да ве чини. За да постигнете резултати, следете ги овие совети кои ќе ја одржат енергијата и продуктивноста кога земањето слободен ден не е опција.

– Направете листа со сите задачи, одберете која е најважна и завршете ја таа – откако ќе ги наведете сите задачи, рангирајте ги од најмалку до најмногу важна. Ова ќе ви помогне да ги ставите како приоритет најважните и најтешките задачи и да ги завршите на почетокот на работниот ден, а да ги оставите полесните работи за подоцна. Експертите се согласуваат дека сме најпродуктивни во првите неколку часа од работниот ден.

– Земајте одмор од 5 минути на секои 50 минути работа – постојат дури и апликации како BreakTimer кои ќе ве потсетуваат секогаш кога е време за оние 5 минути одмор. Докажано е дека само 30 секунди одмор можат да ви ја зголемат продуктивноста за 13%.

– Деактивирајте ги нотификациите од социјалните мрежи и од меиловите – оставете си 30 минути од работното време во кое ќе проверувате меилови. Нотификаците кои стигнуваат постојано можат да ви го одвлечат вниманието од задачата која ви е започната. Истражувањата од социјална психологија докажале дека дури и телефонот кога ви се наоѓа во видното поле може да биде дистракција.

– Истегнувајте го телото редовно – правете вежби за истегнување на кичмата. Седнете исправено и движете го прво едното, па другото колено навнатре. Ставете ги двете раце позади бутот и држете ја ногата 30 секунди. Истражувањата покажале дека истегнувањето ги зголемува количините на кислород кои ги прима мозокот, давајќи ви повеќе енергија

– Работете од некое кафуле еден час – земете со вас слушалки обавезно во случај да стане премногу гласно. Новата околина ќе ви ја зголеми креативноста и концентрацијата додека работите.

– Пијте вода од шише со мерилка – ова може да биде обично шише на кое со маркер ќе одбележите маркери кои ќе ви бидат мерило за тоа колку вода во денот сте испиле. Дехидрацијата предизвикува умор, па пиењето вода во текот на работниот ден ќе ви помогне да се фокусирате повеќе.

– Работете стоејќи – секако не цело работно време, но обидете се да поминете некој дел од работниот ден со лаптопот на полица или пред прозорецот. Стоењето при работа ќе придонесе мозокот да ви работи подобро и ве прави порасположени. Во една студија која траела 7 недели, учесниците кои користеле стоечки бироа на крајот изјавиле дека чувствуваат помалку стрес и умор.

– Слушајте непозната музика – одберете ја опцијата „препорачана плејлиста“ на Spotify или YouTube. Резултатите од пет експерименти покажале дека умерена амбиентална музика ги подобрува работните перформанси.

-Работете покрај прозорец – секако, доколку канцеларијта дозволува да седете покрај прозорец или пак ако не сте веднаш покрај него, осигурајте се дека ролетните секогаш ќе бидат отворени. Студии покажале дека работењето со природна светлина е поврзано со поефективно работење.

– Купете си масло од ментол – имајте го шишенцето секогаш покрај вас, па кога ќе почувствувате умор, втријте неколку капки од маслото околу зглобовите за да можете да ја мирисате аромата додека работите. Аромата од маслото од ментол делува алармантно на вашите сетила.

Следниот пат кога ќе отидете на работа без доволно сон или кога ќе останете прекувремено, испробајте ги овие совети. Ќе ви помогнат да останете фокусирани и продуктивни додека да дојде часот да заминете.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top