10-те најстари животни кои сѐ уште се живи

el.jpg

Во светот постојат навистина стари животни. Иако обично е тешко да се утврди возраста на дивите животни, научниците имаат неколку методи за ова. На животните кои живеат околу нас, или се одгледуваат во зоолошки често им се знае точната возраст. Ќе се изненадите колку всушност години имаат некои од нив.

1. Папагалот Чарли

10-те најстари животни кои сè уште се живи

Чарли е роден во 1899-та година, а ова го прави 119 години стар. Неговиот сопственик е Питер Орам кој го купил од продавница за домашни миленици во 1965-та година. Питер го одбрал Чарли бидејќи сакал да пцуе и да кажува работи против нацистите. Се верува дека папагалот ги научил овие работи од британскиот премиер Винстон Черчил, кој наводно го купил во 1937-ма година. Ќерката на Винстон го негира ова додавајќи дека барале низ фотографиите, но не нашле никаков доказ за Чарли. Некои сметаат дека семејството ги негира гласините бидејќи ги прикажува во лошо светло.

2. Морски сунѓер со големина на комбе

10-те најстари животни кои сè уште се живи

Овој сунѓер со ширина од 3,7 метри и должина од 2,1 метар е најголемиот кој е пронајден досега. Откриен е на длабочина од 2.100 метри околу Хаваи. Истражувачите не можат да ја одредат неговата возраст, но според големината сигурно е стар илјадници години. Помалите сунѓери кои живеат во слични, но поплитки води се стари над 2.300 години. Па овој сунѓер можеби е толку, а можеби и многу постар. Научниците сметаат дека ова е можеби најстарото живо животно во моментов на планетата Земјата.

3. Јастогот Џорџ

10-те најстари животни кои сè уште се живи

Со неговите 140 години, Џорџ е најстариот јастог кој е пронајден. Фатен е во Канада и бил продаден во ресторан во Њујорк. Јастогот живеел во аквариумот на ресторанот и бил забележан од луѓе кои ѝ се јавиле на ПЕТА. Од организацијата побарале Џорџ да се врати во морето, а ресторанот се согласил. Неговата возраст е одредена од неговата тежина.

4. Неименувана Гренланд ајкула

10-те најстари животни кои сè уште се живи

Една неименувана женска Гренланд ајкула го држи рекордот за најстариот ‘рбетник. Се верува дека е родена помеѓу 1501-ва и 1744-та година. Тоа значи дека има помеѓу 274 и 517 години. Научниците отсекогаш знаеле дека Гренланд ајкулите имаат долг животен век, но не можеле да одредат колку. Овие ајкули растат по 1 центиметар годишно, сексуалната зрелост ја достигнуваат на 150-годишна возраст и можат да достигнат должина од 5 метри.

5. Алигаторот Муџа

10-те најстари животни кои сè уште се живи

Најстариот американски алигатор се чува во зоолошка во Србија. Неговото име е Муџа и се верува дека има барем 80 години. Пристигнал во зоолошката во Белград во 1937-ма година. Муџа ги преживеал 3-те бомбардирања на градот, како и Балканските војни. Речиси целиот живот здравјето на Муџа е одлично, но во 2012-та била ампутирна едната негова нога поради гангрена.

6. Желката Џонатан

10-те најстари животни кои сè уште се живи

Се претпоставува дека Џонатан е роден во 1832-ра година. Ако ова е точно, денес тој има 186 години. Неговиот ветеринар, Џо Холинс верува дека Џонатан не е помлад од 160 години. Просечниот животен век на желките е 150 години. Џонатан живее на островот Света Елена во Атлантскиот Океан. На островот бил донесен во 1882-ра година, а дури има и фотографија од него направена во 1902-ра година.

7. Слонот Дакшајани

10-те најстари животни кои сè уште се живи

Слонот Лин Ванг до неодамна го држел рекордот за слон што живеел најдолго. Тој умрел во зоолошка во Тајван во 2003-та година на 86-годишна возраст. Во просек, слоновите живеат по 60 години во дивината. Кога станува збор за сè уште живите слонови, рекордот го држи Дакшајани. Се смета дека денес има околу 87 години.

8. Неименуван лилјак

10-те најстари животни кои сè уште се живи

Најстариот жив лилјак живее во Сибир и има 41 година. Најинтересен е фактот што лилјакот ја достигнал оваа возраст во дивината. Во 2005-та година лилјакот бил фатен за да го обележат, само за да откријат дека бил обележан во 1964-та година. Обично, големината на цицачите одредува колку долго ќе живеат. Поголемите живеат подолго, помалите пократко. Научниците веруваат дека залихата на храна, како и хибернацијата играат голема улога во долговечноста на лилјакот. Овој лилјак хибернира 9 месеци годишно. Исто така недостатокот од предатори може да игра голема улога.

9. Албатросот Виздом (Мудрост)

10-те најстари животни кои сè уште се живи

Овој албатрос кој има 67 години е најстара птица во светот. Албатросите во просек живеат по 50 години. Возраста на птицата е откриена исто како и кај лилјакот. Во 2002-та година бил фатен за да го обележат и сфатиле дека бил обележан во 1956-та година. Виздом е забележуван секоја година од 2002-ра па наваму во истото гнездо. Интересно е што секоја година несе по едно јајце и досега има снесено 39.

10. Орка китот Грени (Бабичка)

10-те најстари животни кои сè уште се живи

Грени е најстариот кит убиец. Се верува дека е роден во 1911-та година и дека има 107 години. Просечниот животен век на женските орка китови е 50 години, иако понекогаш живеат и по 80. Грени не е обележана и ја препознаваат поради осекотина на нејзината перка. Сепак, денес постојат гласини дека Грени можеби е мртва. Последен пат била забележана во 2016-та година со друг мал кит. Малиот кит подоцна е забележан како плива сам. Исто така постојат гласини за вистинската возраст на Грени. Според хемиска анализа се покажало дека нејзината возраст е помеѓу 60 и 80 години.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top