Драги кандидати,
Дали сте вие еден од нашите ТОП10?
Фондацијата за стипендирање и професионален развој на Универзитет Американ Колеџ Скопје денес го распишува новиот Конкурс за стипендии.
Оваа година, ќе бидат доделени десет стипендии за додипломски студии на УАКС за учебната 2021/2022 г. Кандидатите може да изберат од следните студиски програми:
Факултет за деловна економија и организациони науки· Менаџмент· Маркетинг· Финансии· Сметководство и ревизија· Бизнис администрација и економија – двојна диплома со Тор Вергата | |
Факултет за архитектура и дизајн· Архитектура | |
Факултет за компјутерска техника и информатика· Софтверско инженерство· Компјутерски мрежи· Менаџмент на информациски системи· ИТ менаџмент· Роботика, вештачка интелигенција и обработка на сигнали | |
Факултет за политички науки· Економска дипломатија· Меѓународни односи и дипломатија· Психологија (четиригодишни студии) | |
Факултет за странски јазици· Деловна комуникација и превод на англиски јазик· Настава по англиски јазик |
За условите, документите, бодувањето и процесот на селекција, погледнете го интегралниот текст на Конкурсот.
Аплицирајте веднаш и подгответе се да станете горд студент на Универзитет Американ Колеџ Скопје!