11-ти Викенд Медиа Фестивал од 20-23 септември

vikend-festival.jpg

На панелот „New world order“: Како да се произведе содржина за дигиталното доба“, претставниците на клучни медиуми ќе говорат за специфичностите на производство и дистрибуција на дигиталните содржини.

Печатените медиуми некогаш на своите интернет портали објавуваа речиси исти содржини како и во своите весници. Денес дигиталните платформи имаат сопствена форма, т.е. оригинални начини за пренос на информации и вести кои битно се разликуваат од создавањето содржини за традиционалните медиуми.

Дигиталните медиуми, како средство за информирање и едукација, почнаа внимателно да ја балансираат продукцијата на сопствената содржина, преку анализи и колумни, како и брзи вести кои читателите ги очекуваат на порталот. Но, новинарите и уредниците сè уште се пред предизвикот на кој начин пред големата дневна продукција да ги истакнат квалитетните теми и да ја зголемат нивната читаност, а од друга страна и понатаму да бидат први кои ќе ја објават веста.

Повеќе не е исто ни уредувањето насловна страна на интернет порталите, кои некогаш беа уредувани неколку пати дневно. Денес корисникот очекува нови информации на насловната секогаш кога ќе го посети порталот. Од тука не нè чудат трендовите кои покажуваат значајно зголемување на прилозите, од некогашните десетина на неколку стотици текстови дневно.

Со сè поголемото објавување на содржини, видливо е зголеменото консумирање, т.е. задржување на интернет порталите. Според истражувањето на Џемиус (Gemuis), во последните 10 г., времето на задржување на дигиталните платформи се зголемило за 50% па дури и за 100% на месечно ниво.

На панелот „New world order“: „Како да се произведе содржина за дигиталното време“ Викенд Медиа Фестивал ќе ги собере претставниците од клучни медиуми за да им објасни кои се карактеристиките на производство и дистрибуција на дигиталните содржини.

Најголемиот регионален комуникациски фестивал оваа година се одржува од 20-23 септември, како и секогаш во поранешната фабрика за тутун во Ровињ, а партнери на фестивалот оваа година се Франција и Германија. Сите маркетинг работници своите дела можат да ги пријават на седмиот по ред BalCannes, а најдобрите дигитални дела во регионот ќе ги претстави најважната награда, SoMo Borac.

Освен по конструктивните, а понекогаш и продуктивни расправи за трендовите во индустријата на комуникациите, „Викенд“ е познат и по најдобрите забави. И годинава не очекува разновидна музичка програма и дружење до доцна во ноќта.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail