13 митови за диносаурусите кои не се точни

913-mitovi-za-dinosaurusite-koi-ne-se-tochni-kafepauza.mk_.jpg

Речиси секој од нас бил вљубен во диносаурусите. Сите ние сме имале играчки диносауруси со кои сме воделе епски битки како деца. Секој од нас се восхитувал на големината и на моќта на овие древни суштества. Но колку од работите што ги знаеме за нив се вистина? Ќе се изненадите кога ќе дознаете дека поголемиот дел од фактите кои сме ги научиле за нив, всушност не се точни.

1. Тие рикале како џиновски лавови

(1)13-mitovi-za-dinosaurusite-koi-ne-se-tochni-kafepauza.mk

Речиси секое суштество кое е способно за вокaлизација има ларинкс, или грклан. Но, кај ниту еден фосил од диносаурусите не е пронајден грклан. Според ова, научниците развиле теорија дека тие можеби испуштале звуци многу слични на крокодилите, односно звуци со многу ниска фреквенција.

2. Диносаурусите биле зелени и лушпести

(2)13-mitovi-za-dinosaurusite-koi-ne-se-tochni-kafepauza.mk

Ние си ги замислуваме диносаурусите на овој начин бидејќи, нели, треба да изгледаат како огромни гуштери. Но, најверојатно тие биле со светли бои и имале пердуви.

3. Малите раце на тираносаурусот бие слаби и бескорисни

(3)13-mitovi-za-dinosaurusite-koi-ne-se-tochni-kafepauza.mk

Иако мали, рацете на овој вид биле мускулести и веројатно секоја од нив можела да помрдне барем 200 килограми.

4. Бронтосаурусот е вистински

(4)13-mitovi-za-dinosaurusite-koi-ne-se-tochni-kafepauza.mk

Можеби мислите дека овој диносаурус со долг врат навистина постоел, но ова верување е резултат на грешка. Еден палеонтолог по грешка го ставил черепот од еден диносаурус на друг и го нарекол „новиот“ вид бронтосаурус.

5. Тие биле ладнокрвни суштества

(5)13-mitovi-za-dinosaurusite-koi-ne-se-tochni-kafepauza.mk

Со децении научниците верувале дека диносаурусите се ладнокрвни, исто како денешните влекачи. Но, ако ова било вистина тие ќе ја немале мускулната моќ. Денес постојат повеќе докази кои покажуваат дека тие биле брзи месојади и топлокрвни.

6. Велоцирапторите биле многу поголеми од луѓето

(7)13-mitovi-za-dinosaurusite-koi-ne-se-tochni-kafepauza.mk

Многу од нас немаа слушнато за овој вид пред Паркот Јура. А овој филм ни ја вметна идејата дека тие биле големи предатори, но и многу паметни. Вистината е дека иако биле навистина злобни, тие не биле поголеми од куче.

7. Диносаурусите живееле во вечно лето

(8)13-mitovi-za-dinosaurusite-koi-ne-se-tochni-kafepauza.mk

Во сите музеи диносаурусите се изложени во тропска средина. Иако ова е вистина за повеќето видови, сепак постојат диносауруси кои живееле во студена средина.

8. Секој древен влекач е диносаурус

(9)13-mitovi-za-dinosaurusite-koi-ne-se-tochni-kafepauza.mk

Диносаурусите биле само дел од група животни наречени аркосауруси, во која спаѓаат и крокодилите. Тие се одделиле пред околу 245 милиони години.

9. Диносаурусите изумреле бидејќи не еволуирале

(10)13-mitovi-za-dinosaurusite-koi-ne-se-tochni-kafepauza.mk

Диносаурусите преживеале дури 150 милиони години! Додека ние, и нашите предци сме овде само околу 6 милиони години. Најстариот фосил од хомо сапиенс е стар околу 200.000 години.

10. Диносаурусите се истребени

(11)13-mitovi-za-dinosaurusite-koi-ne-se-tochni-kafepauza.mk

Постојат неколку докази кои укажуваат дека птиците се всушност резултат од еволуирани диносауруси. Некои научници дури сметаат дека птиците се диносауруси. Една група од нив го преживеала ударот од астероидот кој ги уништил речиси сите други. Ноевите, кокошките, гулабите, пингвините и многу други птици се поблиску до диносаурусите отколку крокодилите, желките, гуштерите и змиите.

11. Диносаурусите се првите влекачи кои владееле со земјата

(12)13-mitovi-za-dinosaurusite-koi-ne-se-tochni-kafepauza.mk

Првите влекачи еволуирале од водоземците пред околу 300 милиони години. Првите вистински диносауруси се појавиле дури пред 230 милиони години.

12. Астероидот ги убил сите диносауруси наеднаш

(13)13-mitovi-za-dinosaurusite-koi-ne-se-tochni-kafepauza.mk

Иако многу научници се согласуваат дека пред околу 65,5 милиони години, на полуостровот Јукатан удрил огромен метеор, сепак изумирањето не се случило веднаш. Биле потребни илјадници години за да изумре целиот вид.

13. Луѓето и диносаурусите живееле во ист период

(6)13-mitovi-za-dinosaurusite-koi-ne-se-tochni-kafepauza.mk

Единствениот случај каде што човек гледа жив диносаурус е во Паркот Јура. Диносаурусите изумреле пред околу 65 милиони години, додека нашите предци почнале да се појавуваат пред 6 милиони години.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail