15 годишната Шакира починала од само една таблета екстази од брендот “Дупло”

Shakira-Pellow-14-who-died-after-taking-an-unknown-substance-800x445.jpg

15 годишната Шакира Пилоу паднала во кома откако зела само една таблета екстази. Таа се онесвестила во петокот вечерта, а веќе утредента, по третиот срцев удар, починала на одделот за интензивна нега. На таблетата имало лого на брендот Дупло. Заедно со Шакира во болницата во градот Камборн, Англија, биле хоспитализирани уште три нејзини врсници, но тие успеале да се спасат.

” Кога ја сликав ќерка ми во болница, мислев дека ќе преживее. . Сакав кога ќе се разбуди да и ја покажам фотографијата за да никогаш повеќе не посегне по дрогата. Но, во текот на ноќта , состојбата ѝ се влоши и таа ја изгуби битката, раскажува мајката.

Таа сепак одлучила да ја објави сликата како предупредување за сите тинејџери кои користат вакви стимуланси.

“За четири месеци, таа требаше да наполни 16 години. Планиравме голема забава за тој ден. Ќе ми недостигаш , сестричке моја”, напиша на инстаграм нејзината постара сестра.

Полицијата потврди дека се упасени две момчиња на возраст од 17 години, под сомнение дека на децата им ги продале смртоносните таблети. Екстази дава чувтсво на еуфорија и е дрога која е распространета кај тинејџерите. Експертите велат дека се работи за опасни таблети, со кои лесно може да се предозира. Ваквите таблети често во себе содржат и отрови, хероин или други состојки кои можат да бидат фатални.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top