15 книги кои биле забранети од смешни причини

515-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mk_.jpg

Историјата на забранети книги може да се нарече и историја на важни книги. Многу организации, приватни и јавни, напаѓале влијателни книги и изгледа дека некоја книга треба да биде забранета за да почне да се смета за класика. За среќа, повеќето од овие забрани речиси немаат никаков ефект или траат премногу кратко. Погледнете некои од најсмешните причини за забранување на книги.

1. Игра во ’ржта – Џ. Д. Селинџер (The Catcher in the Rye – J. D. Salinger)

(1)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mk

Уште од нејзиниот успех веднаш по пуштањето во продажба во 1951 година, книгата на Селинџер била мета за цензурирање. Едно училиште во Оклахома отпуштило професор од работа бидејќи тој им рекол на студентите да ја прочитаат книгата. Потоа една организација во Охајо покренала петиција за да се забрани книгата во училиштата бидејќи била „анти-бела“. Книгата, во која има сцена каде што главниот лик најмува проститутка но само сака да разговара со неа, била забранета од една библиотека бидејќи содржела вулгарен јазик, сексуални сцени, морални проблеми, насилство и работи поврзани со оклултното.

2. 1984 – Џорџ Орвел (1984 – George Orwell)

(2)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mk

Ова ремек-дело за бруталното надзорно општество било гледано како напад на режимот на Сталин во СССР. Поради ова, книгата била забранета во Русија околу 40 години поради анти-комунистичките пораки. Од друга страна пак, книгата била забранета од родители во 1981 бидејќи била комунистичка. Изгледа никој не ја прочитал книгата пред да ја осуди.

3. Господарот на мувите – Вилијам Голдинг (Lord of the Flies – William Golding)

(3)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mk

Класиката на Голдинг, која била голем неуспех кога била издадена во 1954 година, го добила својот статус на училишна книга во 1960-тите. Книгата раскажува за група деца од повисоката класа кои создаваат примитивно општество откако ќе завршат на напуштен остров. Оваа книга многупати била забранувана од секакви организации. На пример, во 1981 година, едно средно училиште од Северна Каролина ја критикувало книгата бидејќи покажувала дека човекот е многу малку различен од животните. Па, грешка е што „Господарот на мувите“ има моќна и провоцирачка тема. Книгата била забранувана и од училишта во Аризона, Тексас, Њујорк и Флорида.

4. Тука ли си Господе? Јас сум, Маргарет – Џуди Блум (Are You There God? It’s Me, Margaret – Judy Blume)

(4)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mk

Приказната за маките на едно младо девојче е една од најважните книги за „растење“, но дискусијата за будењето на сексуалноста и женственоста ја разбранувала јавноста во 1970-тите. Родители, училишта и организации протестирале против книгата на Блум поради сексуалната содржина и анти-христијанското однесување, како и поради нејзината „навредлива и неморална“ содржина. Ова се чудни критики за книга која само им помага на децата да ги разберат промените кои се случуваат во нивните тинејџерски години.

5. Дневникот на една млада девојка – Ана Франк (The Diary of a Young Girl – Anne Frank)

(5)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mk

Да, и книгата за Еврејското девојче кое се криело е една од најзабрануваните книги во 20-тиот книги. Критичари од разни нации кажуваат дека Ана Франк воопшто не постоела и дека книгата била напишана од возрасен човек со помош на таткото на Ана, Ото Франк, како некој вид еврејска пропаганда. Во САД била забранета поради „сексуално навредливите“ делови и бидејќи била депресивна за младите читачи, бидејќи според експертите, треба да се фокусираме на весели книги кои ќе нѐ научат за Холокаустот.

6. Алиса во Земјата на Чудата – Луис Карол (Alice’s Adventure’s in Wonderland – Lewis Carol)

(6)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mk

Детската класика на Луис Карол која раскажува за девојче кое се среќава со еден фантастичен свет била забранувана поради многу причини, и тоа секоја посмешна од претходната. САД ја забраниле во 1960-тите бидејќи печурките и наргилето во книгата ја рефлектирале културата на дрогата во таа ера. Подоцна, во 90-тите, била забранета во Њу Хемпшир бидејќи промовирала сексуални фантазии и мастурбација. Кинезите ја забраниле во 30-тите поради разговарањето со животните, а тие сметале дека било катастрофално животните и луѓето да се ставаат на исто ниво.

7. Фаренхајт 451 – Реј Бредбери (Fahrenheit 451 – Ray Bradbury)

(7)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mk

Оваа дистописка книга раскажува за општество каде што сите идеи се потиснати и сите книги се нелегални. Книгата била забранувана повеќе пати од нејзиното издавање во 1953 година. Родителите во Мисисипи се погрижиле книгата да биде тргната од листите за читање бидејќи го содржела зборот „Проклетство!“ Други ја имаат критикувано поради нејзината сомнителна тема.

8. Каде е Валдо? – Мартин Хендфорд (Where’s Waldo? – Martin Hanford)

(8)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mk

Што е навредливо во оваа книга? Е па, некои тврдат дека навидум невините илустрации во кои читателите треба да го пронајдат главниот лик се несоодветни и содржат заводнички скриени детали.

9. Волшебникот од Оз – Л. Френк Баум (The Wonderful Wizard of Oz – L. Frank Baum)

(9)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mk

Оваа книга за деца е можеби едно од најпознатите литературни дела и е инспирација за многу мјузикли, филмови и безброј референции во уметничките дела. Како и да е, директорот на библиотеките во Детроит успеал да најде причина да ја тргне од полиците во 1957 година. Причината за ова било тоа што книгата немала никаква вредност за децата, промовирала негативност и детските умови ги симнувала на ниво на плашливост.

10. На запад ништо ново – Ерих Марија Ремарк (All Quiet on the Western Front – Erich Maria Remarque)

(10)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mk

Базирана на личните искуства на авторот додека бил војник за време на Првата светска војна, оваа книга го опишува војничкиот живот како и тешкотиите со кои се сочуваат ветераните кога се враќаат во цивилизацијата. Оваа книга се смета за една од најважните кои се напишани за Првата светска војна, па дури е и инспирација за истоимен филм кој е добитник на Оскар. За жал, објавена е само неколку години пред нацистичката влада да стапи на сила во Германија, па наскоро била забранета, а во многу случаи и изгорена. Причината веројатно бил лошиот приказ на германската воена сила.

11. Замка-22 – Џосеф Хелер (Catch-22 – Joseph Heller)

(11)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mk

Во 70-тите книгата била забранета во многу американски градови поради вулгарниот јазик и поради честото користење на зборот „курва“. Забраната, секако, била тргната и денес оваа книга е задолжителна во многу училишта.

12. Повикот на дивината – Џек Лондон (The Call of the Wild – Jack London)

(12)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mk

Оваа книга нема некои луди политички идеали, но тоа не ги спречило нацистите да ја забранат и да ги запалат примероците во 1930-тите. Денес оваа книга се гледа како прекрасно раскажана приказна за преживувањето и се смета за најголемото достигнување во кариерата на Џек Лондон.

13. Големиот Гетсби – Ф. Скот Фицџералд (The Great Gatsby – F. Scott. Fitzgerald)

(13)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mk

Изненадувачки, но „Големиот Гетсби“ била забранета во 2008 година кога едно училиште во Ајдахо ја тргнала од листата на читање. Некои родители се пожалиле дека книгата содржи вулгарен јазик и дека зборува за теми кои не се соодветни за учениците. Подоцна, училишниот одбор го изгласал враќањето на книгата.

14. Таму каде што живеат дивите нешта – Морис Сендак (Where the Wild Things Are – Maurice Sendak)

(14)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mk

Кога станува збор за забранети книги, најинтересен е случајот против книгата на Морис. Градови од целиот јужен САД ја тргнале книгата од полиците кратко по нејзиното издавање. Причината била тоа што оваа книга предизвикувала неверојатен страв кај децата дека ќе бидат пратени во кревет без вечера и тоа од нивната мајка.

15. Глувци и луѓе – Џон Стајнбек (Of Mice and Men – John Steinbeck)

(15)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mk

Џон Стајнбек се смета за еден од најталентираните писатели од САД. Оваа книга е доказ за тоа. Имало неколку обиди да се забрани, најмногу поради „вулгарниот јазик“ во книгата. Покрај забраната во Ирска, книгата е тргната од листите на читање и во некои гратчиња во Охајо, Пенсилванија, Мичиген и Индијана.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail