15 навистина необични работни места

kuk.jpg

Премногу луѓе го мразат своето работно место, но можеби и вие ги разбирате. Кој сака да поминува 8 часа во канцеларија пишувајќи на тастатура? За среќа, не се сите работни места здодевни. Па ако сакате да ја промените кариерата и барате нешто необично и возбудливо, можеби оваа листа ќе ви помогне во тоа.

1. Професионална сирена

(1)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mk

На прв поглед можеби изгледа како ова да е работа за модели. Но, работата на професионалните сирени е многу повеќе од тоа да изгледаат убаво. Тие не само што треба да знаат да пливаат со вештачката перка, туку треба да можат да го држат воздухот многу долго време. Понекогаш треба да пливаат и помеѓу медузи и ајкули. Ако сте добар пливач, можеби оваа кариера е одлична за вас.

2. Живи кукли за излог

(2)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mk

Бидејќи онлајн купувањето станува сè попопуларно, на продавниците им станува тешко да привлечат муштерии. Некои продавници за облека се навистина креативни во намерата да ги натераат луѓето да продолжат да купуваат од таму наместо од Интернет, па користат луѓе како живи кукли за изложување на облеката. Ако можете да стоите мирно долго време и лесно се справувате со неудобноста, оваа работа е совршена за вас.

3. Човек што тестира покуќнина

(3)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mk

Овие луѓе навистина го пронашле совршеното работно место. Нив ги плаќаат за да седат или лежат на кревети, каучи и друга покуќнина со цел да се осигурат дека се удобни. Понекогаш кога тестираат кревети, тие дури и преспиваат во текот на работното време бидејќи производителите треба да знаат дали нивниот производ е доволно удобен за спиење.

4. Човек што тестира играчки за возрасни

(4)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mk

Како и сите производи, така и играчките за возрасни мора да бидат тестирани, па затоа и постои ова работно место. Компаниите ви ги праќаат нивните производи, а вие ги тестирате. Кога ќе завршите го оценувате вашето „задоволство“ користејќи ја скалата која ќе ви ја даде компанијата.

5. Мирисач на пазуви

(5)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mk

Компаниите за дезодоранси вработуваат „мирисачи на пазуви“ за да ја тестираат ефикасноста на нивните производи. Група луѓе ги користи дезодорансите, а потоа изведуваат некаква физичка активност за да се испотат. Вашата работа би била да ги мирисате нивните пазуви и да откриете дали производот е ефикасен.

6. Професионален гушкач

(6)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mk

Во свет кој е движен од технологијата, премногу луѓе се чувствуваат осамено. Понекогаш на луѓето им е потребен човечки допир без секс. Па, сега има луѓе кои го нудат токму ова. Професионалните гушкачи доаѓаат во вашиот дом и ви го даваат допирот кој го посакувате. Златното правило за ова работно место е да нема никаков сексуален контакт.

7. Човек што допира лица

(7)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mk

Продуктите за лице кои ја прават вашата кожа мазна и мека се навистина познати. Па, компаниите кои произведуваат продукти за убавина најмуваат „допирачи на лица“. Нивната задача е да го допираат лицето на луѓето пред и по нанесувањето на некој продукт. Бидејќи оваа работа бара посебни вештини, не може секој да ја работи.

8. Човек што тестира трикови

(8)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mk

Некои телевизиски програми за натпреварување ги тераат натпреварувачите да јадат одвратни работи, а токму ова привлекува публика. Бидејќи овие работи обично не се наменети како храна за луѓето, продуцентите мора да се осигурат дека се безбедни за консумирање. Па тие најмуваат „тестери“ кои јадат бубачки и други непријатни работи. Оваа работа е навистина ризична, па луѓето кои ја работат се подготвени на сè.

9. Собирач на црви

(9)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mk

Ако сте страстен риболовец сигурно знаете дека живите мамки се најдобри. Постојат многу продавници кои ги продаваат црвите кои ви се потребни за риболовот. Овие продавници вработуваат собирачи на црви чија цел е токму тоа, да собираат црви. Оваа работа е одлична доколку сакате да поминувате многу време на отворено.

10. Гол модел

(10)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mk

Една од најчистите форми на уметност е човечкото тело. Додека уметниците учат да цртаат, гледањето од фотографии не е најлесниот начин за да го сторат тоа. Па училиштата за уметност вработуваат модели кои позираат голи за нивните ученици. Нема потреба да имате совршено тело за оваа работа. Потребна ви е само огромна самодоверба и способноста да седите мирно подолго време.

11. Нуркач за голф топчиња

(11)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mk

Ако сте играле голф, сигурно знаете дека терените се полни со езера и стапици од песок. Па многу топчиња паѓаат во нив. Постојат нуркачи чија работа е да ги собираат овие топчиња. Ако не ви е страв од валкана вода, алги или змии, а имате и сертификат за нуркање, оваа работа е совршена за вас.

12. Човек што пробува храна за животни

(12)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mk

Ако имате пробано храна за кучиња, тогаш знаете дека тоа не е највкусното нешто. Но ова работно место е платено многу добро, па луѓето го прифаќаат. Производите треба да бидат тестирани за текстура, состав и вкус. Ако вашето куче е среќно и добро нахрането, сега знаете кому треба да се заблагодарите.

13. Човек што мириса на хартиени шамичиња

(13)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mk

Кога станува збор за носот, не можете да бидете премногу внимателни за тоа кои продукти ги користите. Оние кои мирисаат хартиени шамичиња имаат задача да ги мирисаат шамичињата и сличните производи за да се осигурат дека нивната арома е доволно пријатна и за најчувствителниот нос. Бидејќи оваа работа е добро платена, секогаш има многу луѓе кои се пријавуваат за неа.

14. Чекач во редици

Без разлика дали е за влезница или за најновиот ајфон, луѓето поминуваат многу време стоејќи во редици за да ги добијат овие нешта. Сигурно не сакаат сите да го прават ова, но за добра плата некои без проблем би стоеле и со саати.

15. Човек што тестира водени лизгалки

(15)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mk

Потребно е многу знаење од областа на физиката за да се направат овие лизгалки. А потребно е и многу тестирање за да се усовршат. Оние што први се препуштаат на водените лизгалки треба да се осигурат дека на нив има доволно вода, дека не се премногу брзи и дека се безбедни.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail