16 години никој не знаел што и е: 100 лекари ја прегледале, а нејзината болест може секој да ја добие

dzenin-mieni-foto-printscreen-1492507068-1161589-115773.jpg

Студентката Џенин Миени била опседната со танц, а денеска едвај може да стане од кревет.

-Танцот беше мојот вентил, тоа беше мојот живот, мојата љубов, мојата страст. Сега единствена работа на која се радувам е кога се будам – дека можам да се разбудам, раскажува Џенин чие здравје е уништено од само еден момент невнимание.

Таа била во школски камп кога ја каснал крлеж и потоа добила опасна болест.

За само два ден израстокот од каснатото двојно се зголемил.

-Отидов до амбулантата, а лекарите ми рекоа дека не знаат што е во прашање, се сеќава таа.

Лекарите само и ја бандажирале ногата и ја испратиле дома. Меѓутоа нејзината нога и натаму продолжила да отекува и околу раната се појавил црвен круг. Џенин сега е свесна дека тоа било јасен знак за лајмската болест, но тогаш не го знаела тоа.

Наредните 16 години посетила околу 100 лекари и специјалисти и повеќето и рекле дека се е во ред. Како што поминувало времето, нејзиното здрвје се слошувало се до точката кога не можела да ги извршува вообичаените секојдневни работи. Несвестиците се претвориле во вистински напади, губела меморија и имала когнитвни проблеми. Сите овие симптомио биле слични со Алхајмерова и Паркинсонова болест како и со мултиплекс склероза.

Лајмската болест е многу сериозна и може да влијае на мускулите, зглобовите, органите, мозокот и неурлошкиот систем.

-Болеста ги напаѓа сите мои системи. Еден ден би имала напад, а другиот не бев во состојба да одам, вели таа.

Но откако изгледала прилог за лајмската болест, Миена отишла кај својот лекар кој и рекол дека страда од оваа болест.

Џенин тогаш се вратила од Америка каде поминала низ 10 дневен интензивен третман, но и натаму морала да зема бројни лекови за да ја поправи штетата направена од оваа болест за овие години.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail