Друштвото за геотехника на Македонија ВЕ ПОКАНУВА на 16-тата Подунавско-европска конференција за геотехничко инженерство на тема „Геотехнички хазарди и ризици: искуства и пракса“.
За прв пат, Македонија ќе биде домаќин на повеќе од 250 научници – геотехничари и инженери кои ќе учествуваат на тридневната светска конференција во хотел „Александар Палас“ во Скопје. Конференцијата прв пат е организирана во далечната 1964 година.
На отворањето на конференцијата, на 07-ми јуни 2018 година (четврток) во 9 часот ќе се обратат:
– Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов
– Професор д-р Милорад Јовановски, претседател на Друштвото за геотехника на Македонија
– Професор Чарлс Нг, претседател на светско здружение за еханика на почви и геотехничко инженерство
Изјави за медиумите, во 9 часот и 45 минути, ќе даваат:
– Професор д-р Милорад Јовановски, претседател на Друштвото за геотехника на Македонија
– Професор Чарлс Нг, претседател на светско здружение за еханика на почви и геотехничко инженерство
Друштвото за геотехника на Македонија ја реализира оваа меѓународна конференција во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Градежниот факултет, Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Инженерската институција на Македонија.
Покровител на конференцијата е Претседателот на Република Македонија, а конференцијата се одвива под закрила на Меѓународното друштво за механика на почви и геотехничко инженерство (ISSMGE), поддржана и од Меѓународната асоцијација за тунелоградба и подземни конструкции (ITA).
Подетални информации може да добиете на www.decge2018.mk