17 научни факти кои беа непознати сè до оваа година

naucnik.jpeg

Работите не се толку едноставни како што се смета. Затоа, без одолговлекување, Ви претставуваме 17 научни факти кои не ги знаевме сè до почетокот на 2017. година:

1. Белите дробови не служат само за дишење – тие исто така и произведуваат крв. Белите дробови на цицачите произведуваат повеќе од 10 милиони тромбоцити на час, што е еднакво на поголемиот број на тромбоцити кои циркулираат во телото.

2. Математички е возможно да се изгради временска машина – она што ги спречува научниците е пронаоѓањето материјал кој може физички да се свитка на структурата на простор-време.

3. Сибир има масивен кратер наречен „врата во подземјето“, а неговиот мраз се топи со огромна брзина.

4. Првите полусинтетички организми на светот живеат меѓу нас – научниците создадоа нови животни форми со помош на проширен, генетски код со шест букви.

5. Vantablack, најцрниот материјал познат за науката е произведен пред неколку години, но со текот на времето е усовршен и сега е поцрн од било кога.

6. Официјално е: временските кристали се нова состојба на материјата, така што сега можеме да создаваме „невозможни“ предмети по сопствена волја.

7. Класифициран е нов човечки орган кој се криеше цело време – запознајте се со мезентериумот.

8. Карл Сејган бил прилично добар во предвидување на иднината -неговиот вознемирувачки опис за свет каде што владеат псевдонауката и научната неписменост е сосема точен.

9. Идентификуван е еден огромен гигантски неврон кој го опкружува целиот периметар на мозокот на глушецот, а се чини дека е поврзан со свеста на цицачите.

10. Вашето слепо црево, сепак не е бескорисен еволутивен орган. За разлика од нашите умници, слепото црево има важна биолошка функција.

11. Најреткото и најстарото куче во светот не е исчезнат вид – всушност, станува збор за планинското диво куче од Нова Гвинеја, кое до ден-денес постои.

12. По 130 години, можеби ќе треба да го прецртаме семејното дрво на диносаурусите, благодарение на фосилот од Шкотска за кој претходно се сметаше дека е неважен.

13. Синдромот на полицистични јајници може да започне во мозокот, а не во јајниците.

14. Земјата има сосема нов континент – Зеландија, од кој поголемиот дел се наоѓа под вода.

15. Луѓето имале големо влијание врз геологијата на Земјата, па сега научниците се повикуваат на нова геолошка епоха – Антропоцен, која треба официјално да биде признаена.

16. Скапоцените еднорози во морето, Нарвали ги користат нивните рогови за лов.

17. Човечката активност буквално го промени просторот околу нашата планета – околу Земјата се наоѓа “меур”, кој не е од природно потекло. Сè е поради тоа што брановите со многу ниска фреквенција доаѓале во контакт со честичките во вселената и ги движеле во одредена насока.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail