3 едноставни начини како да препознаете дали храната е ГМО или органска

gmo3.jpg

Додека научниците дебатираат за улогата на ГМО храната врз здравјето на луѓето, САД, Канада и Кина веќе одгледуваат модифицирана пченка, соја и компири, а од друга страна пак Австрија, Грција и Унгарија се прогласија за земји во кои нема ГМО.

Сѐ уште не е докажано дали има негативни последици од ГМО храната, но доколку вам ви е важно да знаете дали вашата храна е целосно органска, ние ќе ви кажеме како да се осигурате дека е тоа така.

Неколку факти за ГМО производи:

  • ГМО значи „генетски модификувани организми“ (растенија, животни, микроорганизми) со трансплантирани гени од други организми.
  • ГМО храната е отпорна на штетници, хербициди, габи и вируси. Има подобар вкус и побрзо расте од органските производи.
  • Засега нема научен доказ дека модифицираните производи се штетни по здравјето на луѓето. Ова е резултатот од бројни меѓународни научни истражувања.
  • ГМО производите можат да предизвикаат алергиска реакција. На пример, ако сте алергични на лешници и изедете нешто со гени од лешник, тогаш може да имате алергиска реакција. Затоа секогаш треба да ги читате налепниците со опис.

Ова се трите наједноставни начини како да дознаете дали станува збор за ГМО или ОРГАНСКИ производ:

Прочитајте ја налепницата

Органските производи се обележани на посебен начин. Барајте ги знаците „100% органско“, „Органско“, „Направено со органски состојки“. Тие гарантираат дека производот воопшто не содржи ГМО.

Доколку на налепницата пишува „Без-ГМО“, „Направено без генетски модификувани состојки“, тогаш овие производи може да содржат ГМО, но не повеќе од 0,9%

Обрнете внимание како изгледа производот

ГМО производите изгледаат совршено. Тие ја имаат вистинската форма, сите имаат иста големина и подолго не се расипуваат заради новите гени коишто им даваат поголема отпорност на надворешни влијанија.

На пример, во некои од ГМО производите се додава генот bacillus thurigiensis којшто создава токсин кој ги труе штетниците. Ако зеленчукот е несовршен, на некој начин извалкан и се гледа дека е допрен од инсекти, тоа значи дека најверојатно е органски.

3-ednostavni-nacini-kako-da-prepoznaete-dali-proizvodot-e-gmo-ili-organski-002.jpg

Запаметете ја листата на модификувани гени

Ако ви е важно да избегнувате генетски модифицирана храна, тогаш запаметете ја оваа листа: 78% од сојата, 33% од пченката, 64% од памукот, 24% од маслодајната репка во светски рамки се со модификувани гени.

Тие се додаваат во храна како што се: виршлите, колбасите, полузготвените и полупечените пецива и мешавини од брашна, пченкарните снегулки и инстант кашите, лебот, соковите на растворање и газираните сокови, путерот од кикиритки, мајонезот, чоколадниот сируп итн.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail