3 јазици на иднината кои би требало веднаш да ги научите

str.jpg

Прашањето што повеќето родители го пoставуваат е – на кој јазик детето треба да се запише за да има корист од тоа во иднина?

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Англискиот јазик се подразбира, шпанскиот исто така поради бројот на земји во кои се зборува, но во последно време се издвојуваат други 3 јазика.

Центарот за економски и деловни истражувања од Лондон анкетирал 2.000 родители кои имаат деца под 18-годишна возраст. Околу 45 отсто од нив признале дека нивното дете не зборувал втор јазик, додека 19 отсто рекле дека дури и не сакаат детето да научи друг јазик.

Истражувањето покажа дека француски, германски и мандарински се трите јазици кои децата треба да ги научат за да имаат корист за десет години, пишува Independent.

Јазичните вештини се очекува да ја поддржат економијата на Велика Британија за дури 500 милијарди фунти до 2027 година.

– Ова истражување покажа колку е важно учењето на јазикот за економијата, и докажува дека луѓето што ги учат како деца им се отворени многу повеќе врати. Ние веруваме дека учењето на јазик е исклучително корисно за развојот на децата, а ова е одлична инвестиција за иднината: децата кои се запознаени со различни јазици се повеќе свесни за различни култури, луѓе и мислења – рече Антонела Сораче, професор по развојна лингвистика на Универзитетот во Единбург.

Таа додаде дека нивната способност за мултитаскинг ќе биде поизразена отколку кај децата кои користат само еден јазик.

 

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top