3 проблеми кои ви се закануваат доколку не го четкате јазкот

3-problemi-koi-vi-pretat-dokolku-ne-go-cetkate-jazikot-1.jpg

Нашата уста е дом на повеќе од 700 видови бактерии, а значителен број од нив се задржуваат на јазикот.

Ова се проблемите кои може да се појават доколку при миењето на забите не го миете и јазикот:

1. Непријатен здив

Проблем број еден доколку не се измие јазикот е лошиот здив. Тоа се случува кога на јазикот се акумулираат голем број на бактерии, при што се создава лош здив. Бактериите кои го предизвикуваат лошиот здив се наоѓаат на крајот на јазикот па затоа особено е важно да се измие тој дел од јазикот за трајно ослободување од лошиот здив.

2. Ослабени рецептори за вкус

Доколку не се мие јазикот, слој од бактерии, остатоци од храна, мртви клетки и сл. може да ги покријат рецепторите за вкус и на тој начин до одреден степен да се намали чувството за вкус. Доколку при секое миење на забите се мие и јазикот овие рецептори повторно ќе бидат вратени во топ форма.

3. Парадентоза

Бактериите што се собираат на јазикот може да се прошират и на забите и да предизвикаат воспаление. Ако воспалението не се лекува може да предизвика и посериозна состојба, односно парадентоза, при што непцата се повлекуваат од забите и може да дојде до инфекција. Последица на посериозна парадентоза може да биде и паѓање на забите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail