Германски студент на пракса во РЕК Битола

germanski-inziner.jpg

Себастијан Ох е германски студент кој откако дипломирал на Универзитетот Бајројт во Северна Баварија избрал на пракса да дојде во Македонија. Со оглед на тоа што станува збор за дипломиран електро – инженер во своето мотивациско писмо навел дека сака да дојде на пракса во РЕК Битола со цел да се запознае со
македонскиот електроенергетски систем и најголемиот производител на електрична енергија во Македонија.

,,Тука сум седум недели. Освен со производството на електрична енергија тука сакав да се запознаам и со земјата и културата.,,-вели студентот Себастијан Ох.

Неговата практична работа во РЕК Битола е регулирана врз основа на Договорот за извршување на стручна пракса помеѓу АД ЕЛЕМ и ИАЕСТЕ Македонија, како и врз основа на Одлуката за прием на странски студенти за вршење производна работа и пракса во АД ЕЛЕМ, односно во Подружницата РЕК Битола.

На овој начин Себастијан се запознава со работењето на службата за Анализа на производство и дијагностика во ПЕ Термоелектрана Битола, вели Билјана Шопова Алушовска, одговорен инжинер во анализа на процес и дијагонстика во секторот на производство на Термоелектрана Битола.

Германскиот студент вели дека искуството во РЕК Битола за него е многу драгоцено.

Приемот на странски студенти на пракса е долгогоришна традиција на РЕК Битола.

Себастијан вели дека Македонија е прекрасна земја. Тој дури и би живеел и работел тука, под услов да стандардот да е сличен на германскиот. На пракса ќе остане до 20 јули.

ИЗВОР: ТЕРА

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail