zlaten-orel.jpg

Неверојатна снимка доаѓа од Киргистан каде што огромен Златен орел нападна 8-годишно девојче кое што како што велат организаторите на настанот, го помешал со својот плен.

Птицата која што инаку била обучена за лов се спушти кон девочјето пред очите на надбљудувачите кои што присуствувале на фестивалот во регионот Исик-Кул. Водичите кои што ги демонстрирале традиционалните вештини за лов со орли, веднаш стрчаа да го ослободат девојчето од канџите на орелот чиј што распон на крилја достигнува и до два метри.

Како што може да се види на снимката, девојчето успешно беше ослободено од канџите на предаторот, а потоа било веднаш пренесено во болница затоа што имало големи исекотини на грбот, пренесува „Дејли Мејл“.

Орелот најверојатно го помешал девојчето со својот плен кој што бил истрениран да го фати за време на шоуто.

Подоцна тамошните власти потврдија дека девојчето навистина имало сериозни повреди, голем број на длабоки исекотини, поради што било потребно шиење, а исто така претрпело и повреди на главата и било во шок.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail