3Д печатарот Книтерате може да „испечати” џемпер

3d-pecetar.jpg

3Д печатењето е одлично ако сакате да направите нешто од пластика, керамика или метал, а благодарение на 3С печатарот наречен Книтерате, сега можете да „испечатите” џемпер.

Книтерате е „машина за дигитално плетење” и овозможува автоматска изработка на дигитален дизајн претварајќи го во ткаенина, т.е. во парче облека. Печатарот целосно самостојно изработува шалови и врвки, но за покомплексна облека како фустани и џемпери треба спојување откако машината ќе ја одработи својата работа. Истоимената компанија развива и апликација која ќе овозможи дизајнирање, додавање на фотографии, текст, избор на видови на шевови и слично.

Целта на компанијата е да ја пополни празнината меѓу традиционалното домашно плетење, кое е поефтино но и покомплицирано за употреба и скапите индустриски машини. Книтерате чини 4.699 долари, а моментално во понуда преку сервисот Kickstarter има само 125 печатари. Првите испораки се очекуваат во април 2018 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail