Луѓето кои заспиваат со помош на музика најчесто пред да заспијат слушаат музика од Јохан Себастијан Бах

bahhhh.jpg

Луѓето кои заспиваат со помош на музика најчесто пред да заспијат слушаат дела од Јохан Себастијан Бах, покажуваат резултатите од онлајн анкетата спроведена од два британски универзитета.

Во истражувањето учествувале 651 луѓе и била спроведена од страна на научници на универзитетите „Голдсмит“ во Лондон и во Шефилд.

Шеесет и два процентa од испитаниците се изјасниле дека пред да заспијат слушаат музика штоо им помага да потонат во сон. Во студијата наведени биле 14 музички жанрови и 545 музичари.

Како најпопуларна се покажала класичната музика со 31, 96 проценти застапеност, а потоа рок, музика што ја слушале 10,82 отсто од испитаниците, па поп, музика со која заспивале 7,47 отсто од луѓето.

Најнепопуларна музика за спиење, со 3,35 отсто застапеност е хеви метал.

Најзастапен музичар во резултатите од истражувањето е Јохан Себастијан Бах, второто место го делат Ед Ширан и Волфганг Амадеус Моцарт, на третата позиција е Брајан Ино, а четвртото место е за „Колдплеј“ и Фредерик Шопен.

Испитаниците во студијата најчесто ја дефинирале музиката како средство за одвраќање од негативни мисли.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail