UNIVERZITET.jpg

Наместо на запишаните факултети 47 идни студенти на Универзитетот за информатички науки и технологии Свети Апостол Павле академската година ќе ја започнат на друг Факултет. Откако уредно биле запишани и примени на Факултетот за комуникациски мрежи и безбедност и Факултетот за компјутерски науки и инжинерство во последен миг , од Универзитетот им било кажано дека за наведените нема акредитација.

Разочарани и револтирани родителите на студентите преку писмен допис велат дека Универзитетот си поигра со идните студенти скратувајќи им го правото да студираат на избраните факултети.

Студентите немајќи избор морале да се запишат на Факултетот за информациони системи, визуелизација дигитална мултимедијална и анимациска техника.

Од Универзитетот пак на став дека се чека реакредитација на факултетите додавајќи дека студентите доброволно потпишале изјава за да се префрлат на друг факултет во склоп на универзитетот.

Инаку од Универзитетот зa информатички науки и технологии потенцираа дека станува збор за факултети кои имаат акредитација меѓутоа од 2017 година се чека на нивна реакредитација.

ВИДЕО НА СИТЕЛ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail