5 фрази кои треба да ги избегнувате на работното место

bigstock-two-business-colleagues-shakin-45670564.jpg

Доколку започнете да приговарате за новиот начин на кој нешто се работи, не само што ќе изгледате мрзеливо и неприлагодливо, туку и вашиот шеф може да ве праша зошто не сте се потрудиле да ги совладате новостите.

Користејќи го зборот „само“ додека барате дозвола, на соговорникот потсвесно му давате поголема контрола и авторитет.

1. Не е фер!

Сите знаат дека животот не е фер па ако тоа толку го нагласите, ќе се претпоставува дека сте мислеле спротивно, поради што ќе испаднете наивни и незрели. Требате да се држите до фактите, да бидете конструктивни и да го задржите своето мислење за себе доколку не сакате да оставите лош впечаток.

2. Така секогаш се работеше

Технологијата се развива толку брзо па морате да се прилагодувате на промените. Доколку започнете да приговарате на новиот начин на кој нешто се работи, не само што ќе изгледате мрзеливо и неприлагодливо, туку и вашиот шеф може да ве праша зошто не сте се потрудиле да ги совладате новостите. Всушност доколку ги работите нештата како што отсекогаш сте работеле, размислете уште еднаш дека денес сигурно постои некој подобар начин.

3. Јас мислам… Можеби звучи лудо…Ќе поставам едно глупаво прашање

Овие претерано пасивни изрази автоматски го нарушуваат вашиот кредибилитет. Дури и ако имате одлична идеја, нејзиниот впечаток може да биде намален поради вашиот недостаток на самодоверба. Ако сами цврсто не верувате во она што го кажувате, како очекувате другите да ви веруваат.

4. Ќе биде готово за минутка

Доколку кажете дека за нешто е потребно само минутка од вашето време, тоа ги потценува вашите вештини и остава впечаток дека сте брзоплети, површни, но и лажливци. Освен ако работата нема со сигурност да ја завршите за 60 секунди, подобро кажете дека нема да трае долго, но никако не сугерирајте дека може да биде готово пред тоа навистина да може да се случи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail