5 клучни работи за подобар сон

SON.jpg

Ако се борите со несоницата, се надевам дека оваа статија ќе ви помогне околу тоа. Додека лекарите делат совети колку е најдоброто време за спиење, понекогаш и да се држиме до тоа пак ќе бидеме или ненаспани или пак ќе стануваме порано од тоа.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Јадење

Избегнувајте тешки оброци барем три часа пред да си легнете. Алхохолот исто така влијае на вашиот сон, како и кофеинот, па затоа навечер, трудете се да ги избегнувате овие работи. Здравата храна делува смирувачки на нервниот систем и ги активира хормоните кои се заслужни за добар сон.

Редовно тренирајте

Оние кои редовно тренираат имаат добар сон. Сепак, трудете се да завршите со вежбањето барем во 7 часот навечер.

Спиењето треба да ви биде приоритет

Доколку имате проблем со добриот сон, ве советуваме да си направите дневник за спиење. Во него ќе ги запишувате сите активности кои ги правите пред да си легнете и колку часови сте спиеле тој ден. На тој начин ќе ги идентификувате лошите навики.

Без технологија пред спиење

Мелатонин – тоа е хормон кој е за квалитетен сон, кој се произведува во темна и мирна околина. Окото ја детектира темнината и дава знаци дека може да се произведува мелатонинот. Затоа немојте да користите многу технички уреди, бидејќи тие ќе го намалат производството на мелатонин.

Создадете добри услови за спиење

Голем број на луѓе, патат од несоница пред се поради лоши услови за спиење, како што е лош душек или лоша перница. Душекот е задолжен да ви ја овозможи максималната удобност за време на ноќта, бидејќи добриот сон игра голема улога во нашата продуктивност.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top