Сигурно нема да ве изненади фактот што дури 72 отсто од луѓето бараат помош на интернет – да проверат некој податок, да пронајдат некаква информација, а најчесто тоа го прават кога имаат проблем со здравјето.
Можеби и вие самите сте во релација пациент – доктор со Google, а еве кои се најчестите прашања кои корисниците ширум светот ги пребаруваат во виртуелната ординација.
1. Како да престанам да рчам?
Променете ја позицијата на спиење, избегнувајте алкохол и навикнете се дека понекогаш сепак ќе рчите.
2. Дали кафето е лошо по здравјето?
Не е – сепак има и некои позитивни својства, но како и сè друго во животот: умерено. Две кафиња дневно нема да ви наштетат.
3. Колку шеќер дневно можам да внесам?
Секој експерт советува дека шеќерот може да го замените со негова здрава варијанта – овошје, а самиот шеќер не смее да ја преминува границата од над 10 отсто нутриенти во целодневната исхрана.
4. Како да ослабнам?
Здравата исхрана и физичката активност во комбинација 80:20 (80 отсто здрава храна, 20 отсто нездрава и 80 отсто неделно вежбање, 20 отсто одморање) – тоа е единствената формула која ги топи масните наслаги.
5. Како да се ослободам од целулитот?
Не постои волшебен напиток ниту пак волшебен крем, но комбинацијата на здрава исхрана, физичка активност и повеќе течности заедно со масажа, ќе доведат до добри резултати во борбата со целулитот.
извор: точка.мк