5 знаци дека диетата е опасна по вашето здравје

5-znaci-deka-dietata-e-opasna-po-zdravjeto-1.jpg

Исцрпувајќи го својот организам со разни диети кои ветуваат чудотворни ефекти за кратко време, можете привремено да изгубите неколку килограми. Но, ќе се сложите дека не вреди трајно да си го нарушите здравјето поради тоа.

Како да знаете кои диети треба да ги избегнувате? Ова се 5-те знаци кои откриваат дали одреден начин на исхрана е штетен и опасен по здравјето:

1. Брзо губење на килограмите

Доколку губите повеќе од два килограми неделно, многу веројатно е дека всушност губите течности од организмот, а кои му се и тоа како потребни на вашето тело.

2. Внесување помалку од 1.500 калории дневно

Доколку ги броите калориите, имајте на ум дека дневниот внес не би требало да биде помал од 1.500 калории. Ако калориската вредност на консумираната храна падне под таа граница, ризикувате да го забавите метаболизмот, како и да ги вратите брзо килограмите по завршетокот на диетата.

5-znaci-deka-dietata-e-opasna-po-zdravjeto-2.jpg

3. Забрзување на метаболизмот

Продуктите кои ветуваат забрзување на метаболизмот, односно придонесуват храната што побрзо се разградува, воглавно содржат состојки како кофеинот, а кои создаваат полесен тип на зависност. Кога ќе престанете да користите вакви производи, потребата од нив ќе остане, а килограмите ќе се вратат, штом метабилозмот се успори.

4. „Чистење“ на организмот

Средствата за детоксикација не само што го чистат организмот од хранливите материи, туку ги уништуваат и „добрите“ бактерии во цревата, отежнувајќи ја работата на дигестивниот систем. Воедно, доведуваат и до дехидратација на организмот, а ја забавуваат работата на природните прочистувачи: црниот дроб, бубрезите и кожата.

5-znaci-deka-dietata-e-opasna-po-zdravjeto-3.jpg

5. Само еден вид на намирници

Покрај тоа што во организмот може да внесете претерана количина од еден ист витамин, ваквиот начин на исхрана го лишува организмот од потребните хранливи супстанции, чиј недостаток, пак, може да биде причина за многу болести, како остеопороза, мускулна атрофија, срцева болест и сериозен пад на имунитетот.

5-znaci-deka-dietata-e-opasna-po-zdravjeto-4.jpeg

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail