Pristina_50_anniversary.jpg

На покана од ректорот на Универзитетот „Хасан Приштина“ , проф.д-р Марјан Дема, ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски придружуван од проректорот,  проф. д-р Љупче Кочовски  присуствуваше на свеченостите организирани по повод 50 годишнината од основањето.

Овој свечен чин ги собра на едно место првите луѓе  на бројните партнерски универзитети и институции, претставниците на власта, алумните, студентите, бројните гости и пријатели на најголемата и најстарата  косовска високообразовна  институција.

Одбележувањето на значајниот јубилеј се  случуваше на 5 февруари 2020 година.

УКЛО и Универзитетот „Хасан Приштина“ имаат долги партнерски релации. Последниот договор за соработка е потпишан во 2018 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail