graddd.jpg

Туристите и локалните жители можат да бидат казнети со парична казна од 150 до 500 евра ако јадат на тротоар или седат на работ од тротоарот.

Јадењето сендвичи во Фиренца, Италија може да ве чини 500 евра. Од 6 јануари на сила стапува нов закон со кој се забранува консумирање на храна на одредени улици и плоштади, од 12:00 – 15:00 и 18:00-22:00 часот.

Постерите кои веќе се закачени насекаде низ Фиренца предупредуваат дека е забрането да се шета или да се јад секаков вид на храна на тротоарите, продавниците или праговите на кучите на улиците „Via de’Neri“, „Via della Ninna“, „Piazzale degli Uffizi“ и „Piazza del Grano“. Забраната е ставена на улиците и плоштадите околу т.н. „панини место“ – место каде што има најмногу сендвичари и ресторани за брза храна и каде туристите најчесто доаѓаат.

Постерите ги покануваат туристите да ги „почитуваат жителите, трговците и работниците на овие улици”. Забраната доаѓа откако граѓаните побараа од властите да преземат акција против туристите кои јадат и оставаат хаос по себе.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail