semos.jpg

По повод затварање на ЕУ – ИПА Проектот “Поддршка за вработување на млади лица, долгорочно невработени и жени (II)”, на Скопски саем се одржа завршен настан во прватаполовина на јуни, 2017.

Одвивањето на овој проект го одбележаа 110 успешни обуки за напредни ИТ вештини за програмирање во Java, кои се одвиваа во 2 последователни курсеви, и уште 110 успешни обуки за програмирање во .NET Microsoft, кои се одвиваа во 3 последователни курсеви.

Освен обуките за напредни ИТ вештини, овој проект го одбележаа и 305 обуки за основни ИТ вештини, реализирани преку курсеви за работа со MS Word, MS Excel, MS Project и MS Access.

По завршување на официјалните курсеви за Microsoft Web Applications аплицирав за неколку отворени работни места. За многу краток период се вработив во позната компанија во Македонија. Самите курсеви и практичните вештини од почеток ме направија поконкурентна работна сила. Сега сум програмер веќе една година и сум задоволен од сопствениот успех. – изјави Мариан Донев.

По двомесечните Јава официјални курсеви, веднаш започнав со практична работа во компанијата на еден од тренерите на овој официјален курс. За краток период ми беше понудено и вработување, каде успешно го применувам сето она што го научив.

Задоволен сум од својот успех, но и од самите обуки. Препорачувам сите млади лица да бидат дел од оваа програма. – додаде Петар Гудески

За овој број на успешно реализирани обуки во рамките на ИПА Проектот за “Поддршка за вработување на млади лица, долгорочно невработени и жени”, заслужен е Едукативниот центар на “Семос Едукација”, кој располагаа со сертифицирани предавачи за изведување на предвидените обуки.

Со самото завршување на овој проект, спроведувачот на проектот – АВРМ, го најавува почетокот на новата мерка за Бесплатни обуки за невработени лица, наменети за надградување на ИТ вештини.

Преку оваа мерка Семос Едукација ќе опфати 110 официјални обуки за Java Programmer SE8 и 110 официјални обуки за ISTQB тестери за квалитет на софтвер.

Обуката за Java Programmer SE8 се состои од два курса и тоа Java SE 8 Fundamentals и Java SE 8 Programming. Оваа обука, е наменета сите лица кои сакаат да се стекнат со основни и напредни знаења за користење на JAVA програмскиот јазик како и за полагање на официјалниот испит OCA JAVA SE8 Programmer.

Додека, обуката за ISTQB тестери за квалитет на софтвер е наменета за сите поединци кои сакаат да навлезат во принципите на тестирањето како подршка на процесот на развој наапликации. Обуката е наменета за сите оние поединци кои сакаат да се стекнат со практични знаења за концептот на теситање на едно софтверско решение.

Ова ги вклучува тест аналитичарите, тест инженерите, user acceptance тестери, односно сите оние кои сакаат да се пронајдат во некоја од овие улоги.

Заинтересираните кандидати трерба да се пријавуваат во центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија низ државата. Обуките ќе се реализираат во Скопскиот и во други региони во зависност од пројавениот интерес на евидентираните невработени лица за учество во мерката и обезбедените услови за обука, што значи дека обуките ќе се спроведуваат во секој регион каде има минимум 5 (пет) пријавени и успешно положени кандидати во процесот на прелиминарна селекција.

Право на учество во мерката имаат евидентирани невработени лица со завршено средно или високо образование. Изборот на невработените лица – кандидати за обука ќе се врши со претходна проверка на соодветните ИТ вештини на кандидатот.

Обуките ќе се реализираат во период од 3 месеци, а лицата кои редовно посетувале обука по завршување на истата добиваат уверение за посетувана обука и ваучер за завршен испит за стекнување со меѓународен сертификат.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail