Кафето што го пиете открива каква личност сте

coffe_1573897423.jpg

Доктор Лари В. Ленк во „“Psychology Today”  пишува: „Кафето прави да се чувствувате добро, бидејќи т може да се поклопи во секој систем на награда кој мозокот ја развил“.

Има смисла дека постои врска меѓу умот и кафето што го пиете. Имено, личноста која пие капучино е многу поразлична од личноста која пие црно кафе.

Кафето е повеќе од пијалок, таа е ритуал, време да размислите што ве чека во денот, време за одмор, време за концентрација….Дали знаете дека видот на кафето кое го пиете одговара на вашата личност?

Еспресо

Ако пиете еспресо вие сте роден водич. Работите многу напорно. Вашите особености ве прават личност која знае како да ја заврши работата. Вашата внимателност е инспирација за многу други.

Како личност која пие еспресо сакате работите да бидат јасни и директни.

Дупло еспресо

Ако пиете дупло еспресо, вие верувате во логика. Многу сте практични. Како и личноста која пие еспресо и вие сте многу внимателна личност. Меѓутоа, работите многу подобро со јасни, концизни насоки. На работа давате најдобро од себе кога шефот ќе ви каже што сака.

Кафе со млеко

Ако пиете кафе со млеко можеби имате проблем со донесувањето на одлуки. По природа сте опуштени и како резултат на тоа не сте загрижени поради анализирањето на вашите одлуки.

Вашата природа е таква што многу размислувате и сакате вашата фантазија да ги разгледа сите можности на лежерен начин.

Капучино

Ако пиете капучино, вие сте софистицирана личност. Вашето чувство за стил е многу угледно. За разлика од некои свои пријатели, не сте личност која сака груби шали. Имате многу креативен ум и вашата друштвена природа ве прави многу добар пријател.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail