6 книги кои треба да ги прочита секој духовен трагач

duhoven.jpg

Секој од нас ги знае познатите духовни доктрини – Библијата, Куранот, Тибетската книга на мртвите… Но постојат и други, помалку познати книги, кои ќе го отворат вашиот ум. Се разбира, не треба да се ограничувате само со оваа кратка листа. Постојат толку многу книги кои чекаат да ги прочитате, па слободно истражувајте и сами.

6-knigi-koi-treba-da-gi-prochita-sekoj-duhoven-tragach-kafepauza.mk

1. Природата и човечката душа – Бил Плоткин (Nature and the Human Soul)

(1)6-knigi-koi-treba-da-gi-prochita-sekoj-duhoven-tragach-kafepauza.mk

Бил Плоткин нè носи на епско патување низ 8-те фази на човечкиот развиток. Првите три фази го опфаќаат егоцентричниот дел од човечкиот развиток. Поголемиот дел од луѓето во западните земји не ги надминуваат овие три фази. Најкритична е четвртата, во која нашето его „умира“ и во која учиме како да ја напуштиме нашата комфорна зона. Ова е моментот кога вистински се спознаваме и го пронаоѓаме нашиот пат.

2. Патот на мирниот војник – Ден Милман (The Way of the Peaceful Warrior)

(2)6-knigi-koi-treba-da-gi-prochita-sekoj-duhoven-tragach-kafepauza.mk

„Сè уште го немате отворено вашето срце кон животот, кон секој момент. Патот на мирниот војник не е за неранливоста, туку за апсолутната ранливост – кон светот, кон животот и кон присуството кое го чувствувате. Преку примери ви покажав дека животот на војникот не е за некоја замислена совршеност или победа. Неговиот живот е за љубовта. Љубовта е мечот на војникот. Каде и да пресече дава живот, а не смрт.“ – Ден Милман

Оваа книга е напишана според животот на авторот и е приказна за еден учител и еден ученик. Учителот, Сократ, го учи ученикот, Ден, како патот на мирниот војник е пат на апсолутна ранливост во моментот. Тој го учи како храброста, силата и дисциплината се темелите на љубовта. Тој го учи како храброста не значи да се биде неранлив. Тој му кажува дека постои сила и во апсолутната ранливост. Сите ние сме обични човечки суштества со необични искуства. Не постојат обични моменти, само обично гледање и прифаќање на тие моменти.

3. Негирањето на смртта – Ернест Бекер (The Denial of Death)

(3)6-knigi-koi-treba-da-gi-prochita-sekoj-duhoven-tragach-kafepauza.mk

„Човекот не може да ја издржи својата малост освен ако не може да ја претвори во значајност на највисокото можно ниво.“ – Ернест Бекер

Во оваа книга силата на егзистенцијалната анксиозност се среќава со повисокото расудување. Бекер нè фаќа за нозе, ни ги сече крилјата кои ни ги дало општеството и нè спушта на земјата, притоа откривајќи го нашето лицемерие и вистината дека не сме ништо повеќе од несигурни и кршливи суштества. Суштества кои имаат потреба од постојано потврдување на својата моќ. Но тогаш тој ни го открива правилниот пат кон просветувањето, патот по кој ние самите си ги создаваме крилјата преку откривање на нашето вистинско јас.

4. Жени кои трчаат со волците – Клариса Пинкола Естес (Women Who Run With the Wolfs)

(4)6-knigi-koi-treba-da-gi-prochita-sekoj-duhoven-tragach-kafepauza.mk

Ова е дело кое треба да го прочита секој, особено жените. Книгата е составена од разни басни, легенди и митови и притоа ни кажува како сите работи се поврзани преку моќта на приказните на луѓето.

5. Конечни и бесконечни игри – Џејмс Карс (Finite and Infinite Games)

(5)6-knigi-koi-treba-da-gi-prochita-sekoj-duhoven-tragach-kafepauza.mk

Во оваа книга авторот ни претставува двајца играчи – конечниот и бесконечниот играч. Конечниот играч игра во граници, додека бесконечниот си игра со границите. Конечниот играч игра за моќ, а бесконечниот си игра со моќта. Конечниот играч цели кон вечен живот, додека бесконечниот сака вечно раѓање. За конечниот играч неизбежен е крајот на играта, додека за бесконечниот играта постојано продолжува. Оваа книга нè учи дека единствената вистинска бесконечна игра е играта на животот.

6. Нова Земја: Будење кон вашата животна цел – Екарт Тол (A New Earth: Awakening to Your Life’s Purpose)

(6)6-knigi-koi-treba-da-gi-prochita-sekoj-duhoven-tragach-kafepauza.mk

Чекањето да почнеме да живееме е една од најголемите илузии на несвесниот ум. Позитивната промена во животот ќе дојде само ако уживате во сегашниот момент, наместо да чекате некоја промена за да уживате. Оваа книга е духовно патување на кое ќе научите како да бидете среќни и без материјални добра во сегашниот момент. Целта на книгата не е да ве натера да верувате во нешто ново ниту пак да ве убеди во нешто, нејзината цел е да направи промена со свеста.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail