6 најчудни работи кои се откриени во вселената

26-najchudni-raboti-koi-se-otkrieni-vo-vselenata-kafepauza.mk_-1024x640.jpg

Навистина е лесно да помислите дека вселената е здодевна. Изгледа како во неа да има само огромни топки од гас и бројни ненаселени планети. Сепак, Холивуд успешно прави неверојатни прикази на вселената кои многу ретко се блиску до науката. Но, вистината е дека и најкреативните умови не можат да замислат што всушност постои во вселената.

1. Планета направена од дијамант

(1)6-najchudni-raboti-koi-se-otkrieni-vo-vselenata-kafepauza.mk

Ако сте гледале научно-фантастични филмови, сигурно сте забележале дека во нив постојат 5 видови планети: планети со шуми, планети со мраз, планети со пустина, планети со карпи и планети со лава. Но дали знаете дека научниците имаат откриено дури 1000 разни видови планети? Некои од нив е тешко да поверувате дека се вистински. PSR J1719-1438 е една од нив. Оваа планета не е од гас, камења или лава, оваа планета е еден огромен дијамант. Како е ова возможно? Планетата прво била ѕвезда, а кога една ѕвезда умира, се претвора во планета. Во овој случај, станувало збор за бинарна ѕвезда. Близнакот на ѕвездата направил огромна бомба која зад себе оставила пулсирачка ѕвезда и бело џуџе. Џуџето се позиционирало доволно далеку од неговиот „брат“ така што ја изгубило целата материја, освен јадрото од јаглерод. Јаглеродот го дели само навистина висока температура од претварање во дијамант. Ова се случува и на Земјата, само длабоко под земја, на места кои се тешко достапни.

2. Огромен облак од дожд

(2)6-najchudni-raboti-koi-se-otkrieni-vo-vselenata-kafepauza.mk

Научниците откриле огромен базен со вода кој само плови низ космосот. Ова е досега најголемиот базен со вода кој нам ни е познат, и е околу 100.000 пати поголем од нашето сонце. Научниците сè уште не знаат како настанал овој базен, но веруваат дека можно е да има масивна црна дупка која „голта“ сè околу него. Но, наместо да испушта енергија, како секоја нормална црна дупка, таа испушта вода. Зошто е ова вака, научниците не знаат.

3. Гром

(3)6-najchudni-raboti-koi-se-otkrieni-vo-vselenata-kafepauza.mk

Громовите не постојат само на Земјата. Тие се забележани и на планети како Марс и Сатурн. Но, она што е интересно е дека громовите постојат и во вселената, далеку од било која планета. Еден ваков гром е 50% подолг од Млечниот Пат. Научниците сметаат дека и за оваа појова е одговорна црна дупка. Веројатно таа црна дупка има многу силно магнетно поле.

4. Студена ѕвезда

(4)6-najchudni-raboti-koi-se-otkrieni-vo-vselenata-kafepauza.mk

Сите знаеме дека сонцето, и сите ѕвезди имаат многу висока температура. Но, дали знаевте дека ѕвездите можат да бидат и студени? Научниците откриле ѕвезда чија температура е само 26 степени целзиусови. Оваа ѕвезда е кафено џуџе, што значи дека го започнала животот како ѕвезда, но немала доволно маса за да продолжи со „патувањето“.

5. Ѕвезда 1500 пати поголема од сонцето

(5)6-najchudni-raboti-koi-se-otkrieni-vo-vselenata-kafepauza.mk

Тешко е да се замисле големина на универзумот. Нашето сонце е 109 пати поголемо од Земјата. Всушност, ако ги соберете сите планети во Сончевиот систем, 99% од масата ќе биде од сонцето. Но, научниците откриле ѕвезда која е 1500 пати поголема од сонцето. Поради нејзината големина, на светлината ѝ се потребни 8 часа да стигне од едната страна ѕвездата до другата.

6. Огромната маса од почетокот на времето

GN-z11 most distant galaxyСигурно до сега сте научиле дека секогаш кога користиме телескоп, ние всушност патуваме низ времето. Сончевата светлина која ја гледаме настанала пред 8 минути и секогаш кога гледаме некоја ѕвезда, ние гледаме во минатото. Како што телескопите стануваат сè помоќни, тие гледаат уште подлабоко во минатото, а она што го откриваат е навистина чудно, како на пример нештото на фотографијата. На фотографијата гледаме маса од гас која има широчина од околу 200 милиони светлосни години. За споредба, Млечниот пат има пречник од само 100.000 светлосни години. Според астрономите, оваа маса гас е стара околу 12 билиони години, значи настанала веднаш после Големата експлозија. Навистина е неверојатно да погледнете 12 билиони години во минатото, периодот во кој времето само што почнало да постои.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail