6 реченици по кои ќе ги препознаете нарцисите во вашиот живот

photodune-1398435-handsome-man-humor-funny-gesture-in-a-mirror-s-632x372.jpg

Добрите и пријатни луѓе не секогаш привлекуваат луѓе исти како нив. Понекогаш, привлекуваат нарциси и своеглави личности за кои им треба време да ги разоткријат.

Денес ви помагаме точно да утврдите кои се нарцисите во вашиот живот.

Ќе ги препознаете бидејќи барем еднаш имаат искористено некоја од овие 6 реченици:

1. „Никој друг не мисли така. Само со тебе имам вакви кавги и проблеми.“

Нападот е најдобра одбрана. Со тоа сакаат да ја раздрмаат вашата самодоверба.

2. „Погрешно се сеќаваш на тоа. Сега ќе ти кажам како се случи навистина…“

Повторно ви ги нарушуваат самодовербата и манипулираат со вашите емоции, чувства и идеи.

3. „Многу си себичен/на, параноичен/на, сакаш постојано да контролираш…“

Честопати, нарцисоидните луѓе своите особини ги препишуваат на другата страна.

4. „Ми се допаѓа фустанот, но дали навистина нозете ти се најдобриот квалитет кој сакаш да го истакнеш?“

Не се лажете, ова не се комплименти или добронамерни сугестии. Ова се реченици со кои нарцисите се обидуваат да покажат супериорност.

5. „Ајде де, знаеш дека не мислев така. Многу си емотивен/на!“

Ништо не е нивна вина – дури и личните зборови и постапки.

6. „Тие не го разбираат нашиот однос. Никогаш не почувствувале толку силна љубов како нашата.“

Ова е најсилното оружје на нарцисите со кои сте во љубовна врска, бидете внимателни.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail