7 докази дека светот е светлосни години пред нас

sve.jpg

Кои напредни технологии ги имаат Јапонија, Кина, Швајцарија, Германија, Австралија, Холандија, а ги нема Македонија?

Животот е константно учење, па не е лошо да разгледаме низ светот, да видиме што е ново, добро и иновативно и да го примениме тоа кај нас, зарем не?

Во земјите како Јапонија, Кина, Швајцарија, Германија, Австралија, Холандија постојат иновации кои одлично би ни дошле и нам:

Воздушен воз

Во Кина изградена е железничка линија во воздух „Sky Train“. Може да се сместат 230 патници, а патувањето е со брзина од 60 km/h.

Изградбата е многу полесна, отколку градењето на метро станици и тунели и трае само 3-5 месеци.

7-dokazi-deka-svetot-e-pred-nas-svetlosni-godini-02.jpg

Директно согорување на отпадот

Во Цирих, 43 проценти од ѓубрето е рециклирано. На сите страни има канти за отпадоци означени за метал, пластика, хартија.

Но, постојат дури и урни во кои внимателно селектираното ѓубре директно се гори, според високи стандарди, и обезбедува енергија за греење за 170.000 куќи.

Пепелта се транспортира надвор од градот.

7-dokazi-deka-svetot-e-pred-nas-svetlosni-godini-03.jpg

Напреден начин на транспорт

Возот „куршум“ го изненади светот во 1964 година на Олимписките игри во Токио. Тој постигнал брзина од 210 километри, која денес на одредени тестови достигнува и до 603 km/h.

Во 2027 се планира да биде пуштена во употреба надградената верзија и патниците ќе може да минат 280 километри за само 40 минути.

7-dokazi-deka-svetot-e-pred-nas-svetlosni-godini-04.jpg

Роботи им помагаат на луѓето со хендикеп

Роботите станаа секојдневие во Јапонија, но најизненадувачка работа е што делови од нив може да се постават на човековото тело и да им помогнат на луѓето кои не можат да одат.

Направени се сите тестови и личноста што ги носи нема потреба да притиска ништо, тие сами добиваат сигнали за движење од нејзиното тело.

7-dokazi-deka-svetot-e-pred-nas-svetlosni-godini-05.jpg

Најдобрите патишта на светот

Патиштата во Германија се симбол за издржливост. Тие служат 30-50 години без поправки. Тие се еко пријателски настроени и не ослободуваат токсини при загревање.

Направени се на специјален начин, па навечер рефлектираат три пати повеќе светлина и дозволената брзина на движење е поголема.

7-dokazi-deka-svetot-e-pred-nas-svetlosni-godini-06.jpg

Пластифицирани пари

Во Австралија уште од 1988 година се користат пластифицирани пари. Силни и отпорни на вода, тие се покажаа навистина практични.

Ваквиот тип на банкноти потоа го прифатија и многу други земји како Нов Зеланд, Романија, Виетнам, Канада итн.

7-dokazi-deka-svetot-e-pred-nas-svetlosni-godini-07.jpg

Стаклени градини

Холандија е лидер во иновациите на секое поле, па така и на поле на земјоделство. Тие произведуваат многу повеќе земјоделски производи од други земји на многу помалку простор, а причината за тоа е употребата на стаклените градини.

Холанѓаните се шампиони во производството на домати и кромид, а се сопственици и на половина светски цветен пазар. Огромни стаклени градини имаат насекаде и со помош на нови технологии тие штедат на вода, енергија и ги исфрлаат пестицидите од употреба.

7-dokazi-deka-svetot-e-pred-nas-svetlosni-godini-08.jpg

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top