7 застрашувачки методи со кои нашите предци ги третирале менталните болести

pre.jpg

Оргазам за хистерија, егзорцизам за шизофренија, а електричен шок за тешка депресија…

Медицината мина долг пат во истражување на различни болести и направи незамислив напредок и откритија.

Таква е ситуацијата и на поле на менталните болести. Истражувањата на оваа тема не сопираат и постојано се бараат нови и подобри методи за помош на пациентите, но во минатото процедурите за третирање на менталните болести биле застрашувачки.

Од лоботомија до егзорцизам, имало низа застарени и неефикасни практики:

Електричен шок

Електротерапијата се практикувала во 1930-тите, како метод за лечење на тешката депресија и поретко за маничен синдром.

Со овој метод се пуштало струја низ мозокот на пациентот и со тоа се предизвикувало напад. Еден од најопасните пропратни ефекти бил ризикот од губење на меморијата.

7-zastrashuvachki-metodi-so-koi-nashite-predci-gi-tretirale-mentalnite-bolesti-02.jpg

Со овој метод се поврзуваат многу контроверзии. На пример, американскиот писател Ернест Хемингвеј извршил самоубиство по ваква шок терапија во психијатриска клиника во 1961.

Третманот не само што му ја влошил состојбата, туку и го лишил од способноста да креира.

7-zastrashuvachki-metodi-so-koi-nashite-predci-gi-tretirale-mentalnite-bolesti-04.jpg

Лоботомија

Во 1949 година еден Португалец дури добил Нобелова награда во психологијата за развојот на овој чуден, но според неговите зборови ефективен третман.

Под негова контрола била извршена операција каде влакна од мозокот на пациентот биле сечени бидејќи се сметало дека тој дел од мозокот лошо влијаел на однесувањето на пациентот.

И покрај критиките, лоботомијата започнала да се користи многу во 1940-тите. Американецот Волтер Фриман во тој период извршил повеќе од 3.500 вакви операции патувајќи со своето комбе ширум светот. Дури во 1950-тите поради страшните последици оваа процедура била забранета.

7-zastrashuvachki-metodi-so-koi-nashite-predci-gi-tretirale-mentalnite-bolesti-03.jpg

Една од жртвите на оваа постапка била Рози Мери Кенеди, сестра на американскиот претседател Кенеди. Таа била 23-годишна девојка со промени во расположението и испади на агресија и по лоботомијата била претворена во хендикепирана личност со ментален капацитет на 2-годишно девојче.

7-zastrashuvachki-metodi-so-koi-nashite-predci-gi-tretirale-mentalnite-bolesti-05.jpg

Егзорцизам

Во многу култури се верувало дека демоните предизвикувале ментални нарушувања кај пациентите, па во тие религиозни заедници лекот за шизофренија и анксиозност бил егзорцизам.

Процедурата на „истерување на ѓаволот“ се вршела зад затворени врати и се разбира резултирала само со дополнителна психолошка траума кај пациентите.

За жал, егзорцизмот и денес се практикува во некои заостанати заедници.

7-zastrashuvachki-metodi-so-koi-nashite-predci-gi-tretirale-mentalnite-bolesti-06.jpg

Отровни змии

Пациентите со ментални болести биле ставани во јама со отровни змии за злите духови и другите демони наводно да се исплашат и да го остават телото на пациентот.

Овој нехуман третман бил практикуван до средината на 20-тите години.

7-zastrashuvachki-metodi-so-koi-nashite-predci-gi-tretirale-mentalnite-bolesti-07.jpg

Хидротерапијата

Овој третман не изгледал како релаксирање во када со топла вода, туку бил вистинска тортура.

Пациентите биле третирани брутално и бесмислено. Биле врзувани во мокри студени чаршафи, ставани во вода што мрзне и присилени да седат со часови во неа, па туширани со неверојатно силни млазови вода итн.

7-zastrashuvachki-metodi-so-koi-nashite-predci-gi-tretirale-mentalnite-bolesti-08.jpg

Оргазам

Во модерно време мажите за лута жена на шега знаат да кажат дека е „сексуално незадоволена“, но во античка Грција се верувало дека во матката на некои жени постои живо суштество кое се движи низ нивното тело и предизвикува чудна болест – хистерија.

7-zastrashuvachki-metodi-so-koi-nashite-predci-gi-tretirale-mentalnite-bolesti-09.jpg

Пациентките што се жалеле на инсомнија, сексуални фантазии, тешкотии во абдоменот и нервоза биле лечени со оргазам. По третманот симптомите кај „заболените“ исчезнувале.

Токму ова ги навело докторите да ги измислат првите вибратори.

7-zastrashuvachki-metodi-so-koi-nashite-predci-gi-tretirale-mentalnite-bolesti-10.jpg

Испуштање на течности

Овој третман се раширил во 1600-тите во Западна Европа, но и античките Грци верувале дека многу ментални болести потекнувале од нерамнотежата на човековите течности во телото.

Затоа за да се излечи „меланхолијата на крвта“ докторите предизвикувале исфрлање на крвта од телото на пациентот.

Некогаш ваделе крв, некогаш предизвикувале дури и повраќање за да ги отстранат „лошите“ течности.

7-zastrashuvachki-metodi-so-koi-nashite-predci-gi-tretirale-mentalnite-bolesti-11.jpg

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top