72 отворени позиции за работа и пракса во 23-те компании учеснички на CareerLaunch саемот

big_cover_speakers-123-f-01-01-1024x404.png

Во петок и сабота на 5-ти и 6-ти мај со почеток во 14:00 часот во Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски”,  23 tech и стартап компании ќе ги претстават своите можности за кариера.

Најмногу отворени работни позиции за програмери, маркетери и дизајнери

Најмногу можности на CareerLaunch ќе има за програмери. Отворени позиции за работа и пракса има за програмери по Node.js, C++, Dynamics AX, IOS, PHP, Java, RUBY, Javascript, ERP software, ASP.NET и .NET програмери, SharePoint,  Scala, Salesforce, Python/Django, Liferay, Apache Cordova, frontend програмери, тест аналитичари, специјалисти за квалитет на софтвер, супервизори на Automated QA Scripts, full stack програмери, и продукт менаџер.

За маркетинг и дизајн како барани позиции се: маркетинг менаџери, интернет маркетери, sales, copywriter, бизнис девелопери, бизнис аналитичари, инструктор за 3Д дизајн и UI/UX дизајнери. За сите ентузијасти за работење во коворкинг простор постои позиција за практикант за градење заедница и социјални настани.

Кои се 23-те компании кои може да ги најдеш на CareerLaunch.

Seavus Education & Development Center (SEDC) е едукативен и тренинг центар во Македонија и регионот специјализиран за IT и бизнис обуки.

System for enterprise e иновациски центар за креирање софтверски решенија од областа на осигурувањето.

Фонд за иновации и технолошки развој е централна институција за поддршка на развојот на иновации и технологии.

HASELT (акроним од: Hyper Advanced Solutions Engineering with Leading Technologies) е компанија за развој на софтвер, инженеринг и консалтинг.

GSIX е компанија фокусирана на развој на иновативни софтверски решенија. Она што GSIX ја издвојува на пазарот е различноста на тимот и спојот на претприемачкото и инженерското при решавање на проблемите.

DoxTeam е ИТ стартап за “State of the art” решенија во облак, со најсовремена микросерверска архитектура.

ИБОРН.НЕТ е ИТ компанија со значајно искуство од неколку области, меѓу кои: здравство, осигурување, едукација, недвижности, е-комерција, маркетинг и анализа на пазари. ИБОРН.нет располага со повеќе тимови кои работат во полето на разни современи технологии.

МКхост е #1 хостинг провајдер и регистрар на домени во Република Македонија.

M3DS Скопје, е сертифициран Autodesk академски тренинг центар во областа на 3D и game design.

Sourcico e интернационална софтверска компанија со седиште во Израел и локален центар во Македонија кои се карактеризира со техничко лидерство, регрутирање, софтверски инженери и квалитет.

BizzBee Solutions е компанија која нуди различни бизнис услуги за стартапи и средни претпријатија.

Valoso Hub е софтверска компанија каде се градат тимови за софтверски развој на стартап компании.

OpenSpace е нов коворкинг простор во Скопје и е перфектна дестинација за млади претприемачи и професионалци.

Vox Teneo е глобална компанија за развој на софтвер. Тие се стремат да испорачаат високо квалитетни софтверски решенија и да ја одржат културата на мала фирма низ канцелариите.

CEED Hub Skopje е акцелератор и коворкинг простор во кој претприемачи, стартапи и фриленсери може да ги развијат своите бизниси до следното ниво.

InPlayer е британска компанија која работи на следната генерација од својата платформа за монетизација на видео и дигитални содржини.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail