8 историски предвидувања што се исполнија

ist.jpg

Од Никола Тесла до Роберт Бојл, светот може да се пофали со брилијантни умови кои на некој начин биле способни да ја предвидат иднината.

Некои луѓе со своите идеи и размислувања како да се пред своето време. Тие претчувствуваат што е тоа што допрва ќе дојде и, иако за време на нивниот животен век никој не ги сфаќа сериозно нивните идеи, тие се вистински револуционери.

Од нуклеарното оружје до интернетот, погледнете што сè било предвидено од некои мудри умови долго пред да се појави:

Тонењето на Титаник

Во 1898 година Морган Робертсон во книгата „Futility“ пишувал за масивен титаниумски брод кој ќе потоне во студените водни на Северниот Атлантски Океан откако ќе удри во санта мраз.

По 14 години Титаник потона во идентични околности. Двата брода потонаа во месец април, имаа слична големина и брзина и преживеаја половина од луѓето на бродот.

8-istoriski-prognozi-shto-se-ispolnija-02.jpg

Нуклеарната војна

Авторот на книгата „War of the worlds“, Херберт Џорџ Велс во 1914 година предвидел дека ќе дојде време на деструкција со оружје за масовно уништување, какво што никој не можел да замисли дека е возможно.

Пишувал и за нуклеарна рачна граната во еден од неговите романи.

8-istoriski-prognozi-shto-se-ispolnija-03.jpg

Прогноза за појавата на Wifi

Тесла во 1909 година во едно интервју изјавил дека безжичната комуникација ќе биде можна со мобилни телефони.

Тој, исто така, предвидел дека ќе има интернет долго пред неговата појава.

8-istoriski-prognozi-shto-se-ispolnija-04.jpg

Трансплантација на органи

Роберт Бојл, познат како татко на хемијата, во 1660 година ја предвидел револуционерната идеја за трансплантација на органи, која тогаш била незамислива.

8-istoriski-prognozi-shto-se-ispolnija-05.jpg

Смртта на Марк Твејн

Марк Твејн бил роден во 1835, годината кога минала Халеевета година.

Во 1909 година тој предвидел дека ќе почине кога кометата повторно ќе помине покрај земјата и така и се случило во 1910 година, односно годината кога кометата се појавила повторно.

8-istoriski-prognozi-shto-se-ispolnija-06.jpg

Човек на месечината

Жил Верн во 1865 година напишал приказна за патување на месечината.

Тој напишал дека таму е бестежински свет, уште долго пред да се знае дека гравитацијата е поинаква на страна од нашата планета.

8-istoriski-prognozi-shto-se-ispolnija-07.jpg

Големиот пожар во Лондон

Нострадамус во 1555 година го предвидел лондонскиот пожар од 1666 година.

Еден век по неговите прогнози речиси 90 проценти од домовите на жителите во Лондон изгореле.

8-istoriski-prognozi-shto-se-ispolnija-08.jpg

Падобрани

Леондардо да Винчи смислил многу иновации, но не успеал да ги изреализира во практика.

Меѓу нив биле и падобраните.

8-istoriski-prognozi-shto-se-ispolnija-09.jpg

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top