8 работи за кои сме слушнале, но никогаш не сме ги виделе

8-raboti-za-koi-site-sme-slushnale-no-nikogash-ne-sme-gi-videle-001.jpg

Има многу зборови и работи кои често ги слушаме од повозрасните, на вести или пак на предавања, но не сме сигурни како всушност тие изгледаат.

Дури се случува и самите да ги користиме, но иако делумно знаеме за што служат, сепак не можеме да си ги замислиме и визуелизираме тие нешта во реалноста.

Затоа ние ќе се обидеме барем овие 8 работи да ви ги донесеме поблиску и да имате идеа како изгледаат, доколку досега не знаевте:

Црната кутија

Парадоксално, црната кутија во денешно време е портокалова. Постојат неколку различни верзии за тоа од каде го добила ова име:

  • Првите уреди за снимање во авион биле црни и правоаголни
  • Поради нивната мистичност – нивната содржина останува тајна за речиси сите
  • Првите уреди за снимање биле покриени со црни саѓи по рушењето на авионот

8-raboti-za-koi-site-sme-slushnale-no-nikogash-ne-sme-gi-videle-01.jpg

ДНК

Речиси секој знае како изгледаат познатите ДНК спирали. Но, малку луѓе знаат дека можат да бидат видени и со голо око поради должината на молекулата.

За да се направи тоа, мора да се направи одреден експеримент. ДНК-та ќе се претвори во нишки кои можат да се намотаат околу камен или да се исушат во влакнеста супстанца како оваа на фотографијата.

8-raboti-za-koi-site-sme-slushnale-no-nikogash-ne-sme-gi-videle-02.jpg

Мастодонт

Мастодонтите биле огромни волнени животни со масивно тело и заби. Овие „џинови“ живееле на нашата планета дури и пред мамутите.

Всушност, тие многу наликувале на мамутите, па лаиците лесно може да ги помешаат овие 2 животни.

8-raboti-za-koi-site-sme-slushnale-no-nikogash-ne-sme-gi-videle-03.jpg

Гибралтар

Гибралтар е британска прекуморска територија сместена на најјужната точка од Пиринејскиот Полуостров, која се граничи со Шпанија.

Ова е интересно место за кое сигурно сте слушнале, но сепак не сте го виделе. Парче земја од само 6,8 км2 каде можете да зборувате англиски, да платите во фунти и да ја видите Африка зад Гибралтарскиот Проток.

Гибралтар е исто така единственото место во Европа каде што живеат мајмуни во шумата.

8-raboti-za-koi-site-sme-slushnale-no-nikogash-ne-sme-gi-videle-04.jpg

Биткоини

Да бидеме поточни, биткоините не изгледаат никако, бидејќи тие се дигитална валута која нема физички еквивалент.

Но, од 2011-та, компанијата Casascius Bitcoin Mint издава „биткоини во кеш“. Овие пари имаат адреса и клуч скриен во холограм.

Овие токени и картички се користат за уплаќања во готово.

8-raboti-za-koi-site-sme-slushnale-no-nikogash-ne-sme-gi-videle-05.jpg

Опашка на слон

Кога ќе се спомене опашка на слон, многумина замислуваат нешто тенко и незабележливо.

Но, изгледа дека опашката на слонот е покриена со долги и дебели влакна кои наликуваат на четка. Африканците ги користат овие влакна за да направат нараквици.

8-raboti-za-koi-site-sme-slushnale-no-nikogash-ne-sme-gi-videle-06.jpg

Голем хадронски судирач

Најголемиот и највисокоенергетскиот забрзувач на честички во светот се наоѓа близу Женева, на границата со Швајцарија и Франција. Не може да се види одозгора бидејќи е под земја.

Судирачот е сместен во тунел со обиколка од 27 км каде честичките се забрзуваат и судираат за да се види и следи нивното распаѓање на помали делови.

8-raboti-za-koi-site-sme-slushnale-no-nikogash-ne-sme-gi-videle-07.jpg

Лиценцирани производи на Adobe

Во случај некој да не ги видел (без навреда).

8-raboti-za-koi-site-sme-slushnale-no-nikogash-ne-sme-gi-videle-08.jpg

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail