9 навики кои предизвикуваат брчки

10842_110417115710427_1600x800.jpg

Како што поминуваат годините секоја жена очекува да почнат да се појавуваат брчки, но тоа што треба да се знае е дека стареењето не е единствената причина за нивната појава. Голем дел од секојдневните навики имаат влијание врз појавата на брчки. Дознајте кои се тие навики и погрижете се да престанете да ги правите.

Пушење цигари

Пушењето е најчестата причина за појава на брчки. Направени се голем број на истражувања кои покажале дека тоа е така. Затоа, откажете се од пушењето цигари и спречете јанивната појава!

Исхрана

Доколку сакате да ја одржувате вашата кожа здрава и млада, треба да внимавате на храната којашто ја консумирате. Постои една поговорка која вели дека вие сте тоа што го јадете. Консумирањето на големо количество храна полна со шеќери не само што ги зголемува килгорамите, туку и прави да изгледате постари. Процесот наречен гликација, предизвикува молекулите на шеќерот да се поврзат со протеините во вашата кожа (вклучувајќи го и колагенот) и на тој начин прават тие да бидат тврди и погрешно формирани. Тоа резултира со лоша еластичност на кожата на лицето, како и потеченост и појава на мали брчки. Рафинираниот шеќер и другите јаглехидрати предизвикуваат воспаление низ целото тело со што се зголемува нивото на инсулин. Воспалението произведува ензими кои ги разградуваат еластинот и колагенот и на тој начин се создаваат брчките и олабавувањето на кожата. Затоа, намалете со консумирање на шеќери и јаглехидрати, а вашата кожа ќе ви биде благодарна поради тоа!

Консумирање алкохол

Сите алхоколи ја дехидрираат кожата. Тоа значи дека доколку консумирате алкохол, наредното утро вашата кожа ќе биде олабавена и со помалку свеж изглед. Со текот на времето, кожата ја губи својата еластичност и создава брчки поради недостатокот на хидрација. Покрај тоа, алкохолот има големо негативно влијание врз нивото на витаминот А, којшто е многу важен антиоксидант за вашата кожа и организам и игра главна улога во регенерирање на новите клетки. Витаминот А е исто така важен за произведување на колагенот. Кога имате помало количество на колаген, тогаш ја губите еластичноста на кожата. Колагенот и еластичноста ја одржуваат вашата кожа нежна, затегната и млада.

Мастики за џвакање

Мастиките за џвакање предизвикуваат брчки во долниот дел од лицето, под долната усна. Покрај тоа, предизвикуваат и други проблеми во структурата на устата. Џвакањето на мастики е навика лесна за откажување, затоа заштитете ја вашата кожа навреме.\

Неостранување на шминка

Кога спиете со шминка на лицето, вие всушност предизвикувате појава на брчки. Шминката и загадените материи од околината кои ги впивате во текот на денот, навлегуваат во порите, уништувајќи ги колагенот и еластинот. На овој начин се забрзува процесот на стареење и се предизвикува појава на површински и длабоки брчки. Никогаш не заборавајте да ја извадите шминката и да го исчистете лицето пред спиење.

Стискање на мозолчиња

Престанете да ги стискате мозолчињата и оставете ги самите од себе да поминат или употребувајте природни производи за мозолчиња и акни. Секој пат кога го стискате лицето, предизвикувате штета на кожата, така што создавате иритација, лузни и секако брчки.

Истегнување на кожата за нанесување на шминка

Оваа навика ја има скоро секоја жена, особено кога се шминкаат очите. Кога ставате кармин, сенка за очи или маскара вие го истегнувате лицето, така што устата ја отварате, ги кревате веѓите и слично. На овој начин предизвикувате појава на брчки. Подобро движете го целото лице кога се шминкате, наместо да истегнувате само одредени делови.

Избегнување на креми за сончање

На сите ни е познато дека кога сме изложени на сонце задолжителна е употреба на креми за заштита. Но, голем број од жените избегнуваат да го прават тоа. Дури и неколку минути изложеност на сонце може да предизвика уништување на колагенот и да доведе до појава на брчки. Одберете квалитетни креми за заштита од сонце со поголем фактор и кои содржат цинк оксид и титан диоксид и нанесувајте секојдневно без разлика дали времето е сончево или облачно.

Спиење

Доколку спиете со лицето свртени кон перницата, тогаш ја зголемувате појавата на брчки. Најдобро е да спиете на перница со сатенска навлака или едноставно трудете се да спиете на грб.

Доколку забележите брчки на вашето лице или сакате превентивно да се заштитите од нивна појава, користете креми за лице кои се наменети токму за овие непосакувани лининии. Такви креми се Taiva Cell2Cell Repair, дневниот и ноќниот крем, кои претставуваат револуција во борбата против предвременото стареење. Tие ја содржат биоактивната компонента NEUROGUARD, врвен неврокозметик кој лесно продира во длабинските слоеви на кожата, стимулирајќи ја синтезата на колаген и еластин.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail