9 знаци кои укажуваат на хормонална нерамнотежа

akni.jpg

Растот и развитокот на човечкото тело многу зависи од хормоните. Тие се одговорни за нашето расположение, емоции, однесување, па дури и за физичкиот изглед. Погледнете ги најчестите знаци кои укажуваат на хормонална нерамнотежа во вашето тело. Доколку забележувате некои од овие симптоми, разговарајте со вашиот лекар.

1. Акни

(1)9-znaci-koi-ukazhuvaat-na-hormonalna-neramnotezha-kafepauza.mk

Појавата на акни може да биде предизвикана од неправилна грижа на кожата, лоша исхрана, или пак кај жените може да е предизвикана од менструалниот циклус. Но, ако постојано имате проблеми со акни, голема е веројатноста да станува збор за нарушување на хормоналната рамнотежа.

2. Вишок килограми

Многу луѓе имаат проблеми со вишокот килограми. И покрај вежбањето и здравата исхрана, тие не гледаат никакви резултати. Доколку и вие спаѓате во оваа група луѓе, проблемот може да е предизвикан од вашите хормони.

3. Замор

(3)9-znaci-koi-ukazhuvaat-na-hormonalna-neramnotezha-kafepauza.mk

Хроничниот замор може да биде знак за хормонална нерамнотежа. Доколку спиете доволно, а сепак се чувствувате уморни, веројатно имате некаков проблем со хормоните. Главен „виновник“ за ова може да биде високото ниво на прогестерон.

4. Потење

(4)9-znaci-koi-ukazhuvaat-na-hormonalna-neramnotezha-kafepauza.mk

Прекумерното потење не секогаш е поврзано со хормоните. Но, добро е да се проверите доколку потењето е придружено со топли бранови.

5. Темни кругови под очите

(5)9-znaci-koi-ukazhuvaat-na-hormonalna-neramnotezha-kafepauza.mk

Спиењето изгледа како вистински луксуз кога имате проблеми со хормоните. Хроничната несоница може да биде предизвикана од недостаток на тестостерон кај мажите, и недостаток на прогестерон кај жените.

6. Депресија

depressed young man sitting on the bench

Депресијата може да биде предизвикана и од хормонална нерамнотежа. Кај жените овие епизоди најчесто се појавуваат пред менструалниот циклус, за време на бременоста и во менопаузата.

7. Промени на градите

Ниското ниво на естроген може да ги направи градите помали, додека повисокото ниво може да биде причина за појава на грутки и цисти. Ако забележите какви било промени на вашите гради, веднаш одете на лекар.

8. Паѓање на косата

(8)9-znaci-koi-ukazhuvaat-na-hormonalna-neramnotezha-kafepauza.mk

Дури и ако најдобрите шампони не ви помагаат да го намалите паѓањето на косата, најдобро е да ги тестирате вашите хормони.

9. Несакани влакна

(9)9-znaci-koi-ukazhuvaat-na-hormonalna-neramnotezha-kafepauza.mk

Додека некои жени се справуваат со губењето на влакната, други се обидуваат да ги отстранат. Темни влакна на градите, дланките, лицето или на кој било дел од телото кој обично има многу светли влакна, може да укажува на сериозен проблем со хормоните.

Како да се справите со хормоналната нерамнотежа?

Хормоните се многу деликатни и многу лесно може да се наруши нивната рамнотежа. Овие промени може да настанат поради промена на телото или околината, или пак може да бидат знак за проблеми со ендокриниот систем. Доколку сметате дека имате какво било хормонално нарушување, посетете го вашиот лекар.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail