АД ЕЛЕМ доделува две стипендии за студенти на ФПТН

AD-ELEM-dodeluva-dve-stipendii-za-studenti-na-FPTN.jpg

АД ЕЛЕМ доделува две стипендии за студенти на ФПТН

АД ЕЛЕМ во соработка со Факултетот за природни и технички науки при УГД доделува две стипендии на студенти на насоката Рударство.

Ова е резултат на соработката што ја воспоставија АД „ЕЛЕМ“ и ФПТН со потпишување на Меморандум, која се одвива во повеќе области. На Конкурсот можат да се пријават редовни студенти од насоката Рударство, запишани првпат во прва година во академската 2017/2018 година, да имаат просек од најмалку 8, да се државјани на Р.Македонија и да не се корисници на стипендија или кредит од друга установа или институција. Изборот на стипендистите ќе го врши комисија од три члена, и тоа двајца од АД „ЕЛЕМ“ и еден од Факултетот за природни и технички науки.

Апликацијата е објавена во прилог, а документите се поднесуваат во Архивата на Факултетот за природни и технички науки – Штип (во Деканатот) или по пошта на адреса: Факултет за природни и технички науки – Штип, ул. „Гоце Делчев“ бр. 89, пош. фах 201, Штип – 2000, Р.Македонија, во периодот од 30.5.2018 до 22.6.2018 година.

Апликација (.doc)

Конкурс (.pdf)

Извор: UGD Life

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top