„Адидас“ ќе се купува само на интернет

adidas.jpg

Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ очекува затворање на физичките продавници во текот на следните години во рамки на пренасочување кон интернет продажба, соопшти извршниот директор Каспер Рорстед за „Фајненшл тајмс“.

– Со тек на време ќе имаме помалку продавници, но ќе бидат подобри – рече Рорстед.

Моментално „Адидас“ има 2.500 продавници ширум светот и уште 13 илјади франшизни продавници во кои се продава само тој бренд.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top