Адреналинската трилер-драма „Разврска“ во кино „Милениум“

Lysis_poster_MK_web.jpg

Адреналинската трилер-драма „Разврска“ во кино „Милениум“

Германскиот филм „Разврска“ со популарните актери Луис Хофман и Оливер Масучи (познати од серијата „Темнина“ на „Нетфликс“ ) од денеска е на репертоарот на киното „Милениум“ во Скопје во терминот од 16.30 часот. 

Станува збор за адреналинска трилер-драма снимена во диви планински предели. Филмот е целосно снимен со три GoPro камери прикачени на двајцата главни актери, и практично се „вткаени“ во драматургијата на филмот.  Филмот во режија на Рик Остерман (инаку искусен телевизиски автор), беше дел од натпреварувачката програма на дебитантски филмови на Интернационалниот филмски фестивал „Црни ноќи“ во Талин.

На 25ти и 25ти месецов „Разврска“ ќе биде прикажан и во Кинотеката на Северна Македонија. Филмот трае 98 минути. Дистрибутер за Македонија е КТ Филм и Медиа од Битола.  

Кратка содржина: 

Татко и син, отуѓени еден од друг, тргнуваат на едно диво патување. Патувањето се претвора во авантура во која и двајцата мажи треба да се справат со минатото и сегашноста на другиот. Главните ликови во филмот треба да се справат со прашањето – како да се победи отуѓеноста?

Повеќе инфо:

премиера: 19.11.2020
времетраење: 98′
земја: Германија
жанр: Авантура

режија: Рик Остерман

улоги: Луис Хофман и Оливер Масучи

филм од селекцијата на Филмскиот фестивал „Црни ноќи“ во Талин

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail