Агенцијата што измами студенти доби забрана за работа

agencija1.jpg

Агенцијата за посредување при вработување „Венера“ доби забрана за работа во траење од триесет дена, соопштија од Министерството за труд и социјална политика. Државниот инспекторат ќе поднесе и барање за поведување на прекршочна постапка против битолската агенција.

Оттаму спроведоа два инспекциски надзори откако група студенти излегоа во јавноста и тврдеа дека биле измамени од агенцијата, па наместо да отидат на студентска работа летово во Германија, тие останале во Македонија. Првин во јавноста излегоа студенти кои требало да работат во бутиците „Зара“, а потоа на нив им се приклучија и групи на кои им била ветувана работа во ресторани како „Мекдоналс“ и „Бургер Кинг“. Бараа газдата да им врати по 250 односно по 150 евра.

По нивните приказни, своите стории ги раскажуваа и студенти кои веќе заминале за Германија преку посредништво на агенцијата, но таму со денови седеле без работа или работеле многу пократко од договорените работни часови на неделно ниво.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail