АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО ВРАБОТУВА, ПЛАТА 28.420 ДЕНАРИ

AHV-logo.png

Врз основа на член 22 став 1 алинеја 2 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/04, 199/14), a согласно член 22 и член 23 од Законот за работни односипречистен текст („Службен весник на Република Македонија” бр. 167/15), Врз основа на член 22 став 1 алинеја 2 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/04, 199/14), a согласно член 22 и член 23 од Законот за работни односипречистен текст („Службен весник на Република Македонија” бр. 167/15), Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ бр. 2/2017

За потребите на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, се објавува оглас за пополнување на работно место раководител на Одделение за финансиски прашања, еден извршител, за период од една година.

Кандидати потребно е да ги исполнат следниве услови:

  • Стручни квалификации за сите нивоа ниво на квалификациите VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/ 1 степен; економски науки,
  • Активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење,
  • Познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), и тоа: сo поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б1 (В1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 3, 5 – 4, 5 поени, ПЕТ, БЕК П, БУЛАТС или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 450 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 135 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 45 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат.
  • Најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор

Заинтересираните кандидати потребно е да ги достават следните документи:

  • Уверение/диплома за завршено соодветно образование,
  • Фотокопија од уверение за државјанство,
  • Документ дека не е изречена судска забрана за вршење на професија, дејност или должност, не постар од една година,

Потврда за работа со комјутери,

  • Потврда за познавање на странки јазик (погоре наведени),
  • Потврда за работно искуство.

Јавниот оглас трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето. Работното време е од 8:30 до 16:30 часот од понеделник до петок, 40 часа неделно. Основна нето плата е 28. 420, 00 денари. Вработувањето е на определено време од една година.

Изборот на кандидат ќе се изврши најдоцна во рок од 45 дена од денот на завршување на јавниот оглас.

Пријавите со автобиографија се доставуваат во затворен коверт со назнака „за оглас за вработување бр. 2/2017″ до Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, бул. III Македонска Бригада бр. 20, 1000 Скопје, преку архива или пошта.

Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок и пријавите кои нема да ги содржат потребните документи, ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат.
На интервју ќе бидат повикани само кандидати што ги исполнуваат условите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail