Агент за прифаќање и испраќање патници

tav.png
ТАВ Аеродроми, еден од водечките светски  аеродромски оператори, управува со аеродромите Ататурк во Истанбул, Есенбога во Анкара, Аднан Мендерес во Измир, Милас во Бодрум, Газипаша во Аланија  во Турција, Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфидха-Хамамет во Тунис, Скопје и Охрид во Македонија, Медина во Саудиска Арабија и Загреб во Хрватска. Холдингот исто така дава услуги преку свои подружници во други сфери на аеродромските операции вклучувајќи  бесцарински продавници, угостителство, прифат и отпрема на воздухоплови, ИТ, безбедност и оператива. Заедно со своите подружници, компанијата услужи повеќе од 102 милиони патници во 2015 година на 780.000 летови преку своите 50.000 вработени.
ТАВ Македонија, Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата:

АГЕНТ ЗА ПРИФАЌАЊЕ И ИСПРАЌАЊЕ ПАТНИЦИ – Сезонска работа

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Одговорен е за целосна и точна регистрација на патникот и нивниот багаж во согласност со национални и меѓународни правила и компаниски стандарди
  • Ги информира патниците за пасошка контрола и објавува повици за влез во авион
  • Помага на патниците за било каков проблем , асистира, помага и на патници со посебни потреби
  • Одговорен е за бординг и водење на патници од аеродромска зграда до воздухоплов и обратно

КРИТЕРИУМИ

  • Диплома за завршено минимум средно образование
  • Уверение за завршен Б1 степен на познавање на англиски јазик (согласно Common European Language Framework)
  • Најмалку 2 години работно искуство

ВЕШТИНИ

  • Комуникациски Вештини
  • Тимска Работа
  • Добро познавање на организацијата
  • Познавање на Воздухопловни системи
  • ИТ образувани работа во системот
  • Добро познавање на англиски јазик
Сите заинтересирани кандидати можат да го пратат своето CV на следната е-маил адреса: jobs3@tav.aero, со назнака „Агент Охрид“.
Напоменуваме дека само кандидатите селектирани во потесен круг ќе бидат контактирани.
Ја очекуваме Вашата апликација.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top