7155collage.jpg

Американски агенти од Службата за државна безбедност  формирале лажен факултет со цел да откријат имиграциска измама.

Инаку, измамата која се обидела да ја откријат има свое име и презиме и се вика „плати и остани“. На лажниот факултет се запишале вкупно 130 индијски студенти, а индиската влада го осудила овој потег и испратила забелешка до САД.

Додека Индија тврди дека студентите биле измамени, од друга страна јавното обвинителство тврди дека запишаните студенти знаеле за што станува збор. Факултетот е формиран пред 4 години со цел да ги фатат студентите кои пристигнале во САД со виза и одлучиле да останат. Секако, на факултетот не работеле професори, туку агенти. За да факултетот изгледа реално, постои и лажна веб страница на тој факултет. На неа се објавуваат фотографии од библиотеки, од кампусот, па дури и фотографии од студенти.

Членарината на лажниот факултет изнесувала од 8 000 до 11 000 долари, a ова не е првпат да агентите се борат против измама. Истото го направија пред неколку години кога претседател беше Обама. Во 2016 година формираа лажен факултет во Њу Џерси.

Вака изгледаше страницата со сите објаснувања.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail