Ах, тој понеделник: Зошто најмногу се жалиме на првиот ден од неделата?

Ah-toj-ponedelnik-Zoshto-najmnogu-se-zalime-na-prviot-den-od-nedelata.jpg

Ах, тој понеделник: Зошто најмногу се жалиме на првиот ден од неделата?

Забавниот викенд заврши, а работната недела само што започна. Па, логично е понеделникот да биде наречен најочајниот ден во неделата и ден во кој луѓето најмногу се жалат.

Едно истражување покажа дека луѓето во понеделник наутро во просек се жалат по 34 минути. За споредба, во останатите денови од неделата жалењето и негодувањето трае по 22 минути.

Од 2000 учесници во истражувањето, третина изјавиле дека понеделник им е најомразениот ден во неделата, што е сосема нормално и очекувано.

Во понеделник на повеќето луѓе им е потребно подолго време за прилагодување пред да можат да им се вратат на вообичаените работни обврски.

Понеделник е и денот кога најчесто можете да слушнете од колегите дека им недостига викендот, дека имаат еден тон неодговорени пораки и дека се уморни затоа што во претходните денови си легнувале подоцна или затоа тоа што имале многу активен викенд.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail